Kaко нема контрааргумент, го виде авиончето од хартија горе? Тоа ја нема формата на крилата, па пак лета.
Дека го видов, го видов. Ама дека лета, не видов.
Ти твдриш дека лета и не сум сигурен што подразбираш по „лета“.
За мене баш и не е разбирливо како „лета“ - нема мотор + нема аеродинамички профил = нема лифт
Сум видел семе од глуварче, најлонски кеси, листови од дрва носени од ветар, ама за мене тоа не е ЛЕТАЊЕ !!!
Во право си, сега гледам дека си оставил простор и дека не си тврдел „15 и баш 15“.
И ти си во право, следниот пат ќе оставам мноооогу повеќе простор, да можеш да приметиш уште при првото читање.
Да, но за да има разлика не мора да има онаков карактеристичен „капка“ облик. Пожелно е, оптимално е, најмалку турбулентно е, но не мора.
Секој облик е карактеристичен сам за себе. Кој за тебе е „онаков“ најкарактеристичен и по што ти ги карактеризираш, навистина не ми е познато. Имам чувство дека ги карактеризираш како „онакви“
геометриски облици, но да те предупредам - тоа е тотално погрешно !!!
Многу попрецизно е ако ги гледаш како
аеродинамички облици. Тогаш нивното однесување при стационарно струење на флуид ке можеш да го гледаш во однос на брзината на струјниците на флуидот, векторот на брзината, нападниот агол, големината на Рејнолдсовиот број и т.н.
Но, примерот со ЕФ не го наведов како демонстрација на однос сила/тежина поголем од 1, туку како пример на нападен агол далеку поголем од 15 степени при што крилото сеуште генерира подем.
ЕФ не е ниту патнички авион, ниту едрилица, ниту хартиено авионче..
ЕФ е борбен, супер-маневрибилен авион
дизајниран и способен да изведува екстремни маневри.
ЕФ го наведе како пример да покажеш дека 1% во авијацијата има крила кои дури и при агол многу поголем од 15° можат да створат доволно лифт за една пердуф-конструкција набилдана со екстремно снажни мотори да ја одржат во контролиран стал. Сосем небитно што кај останатите 99% од леталата, дизајнираните карактеристики и реални способности се многу далеку од тоа.
Ако ти е тоа начин да покажеш дека исклучокот го потврдува правилото - прифакам.
Ако ти е цел со екстреми - од хартиено авионче до супер-борбен авион - да ја разводниш дискусијата во твоја полза - те разбирам.
п.с.
... а на клипов (мислам дека) не е ни со 100% гас, пошто ако беше ќе имаше оган отпозади.
Чисто информативно, на англиски е Afterburner, а на „наше“ - форсаж.
