Ako servis nekogas cini priblizno kolku nov avion zosto togas da ne se kupi nov avion?Pa ako cini i poveke wtf?
Затоа што стариот никој нема да сака да го купи без пројден сервис, пошто кој и да го купи ќе ја има обврската да го направи „сервисот“. (А патничките авиони ретко кога се фрлаат у ѓубре. Обично се продаваат на помали компании за помали пари или се преправаат во товарни авиони.)
Инаку, нов авион си носи и трошоци кои ги нема кај стар авион. Секој нов авион мора да пројде мињон сертифицирања, тестови, обуки за екипажот, чуда... чуда кои чинат - погодуваш - еден вагон пари. Затоа, за компанијата најчесто е поисплатливо да го сервисира стариот авион отколку да купи нов.
Нов авион се купува или кога се проширува дејноста па треба нови авиони да се покријат новите линии, или кога старите авиони се веќе толку стари што цената на резервните делови отишла у небо, инженерите кои ги знаат се повеќето у пензија, па одржувањето веќе станува неисплатливо скапо.