И јас би студирал тука и би си отишол, особено ако ми вреди факултетот надвор. Зашто да биде благодарен што државава му овозможила за 200 евра да студира? Дали треба да биде благодарен и што му овозможила средно и основно да заврши? Можеби треба да е благодарен и што има државни болници и полиција.
Не може да сум благодарен ако откако ќе завршам факултет да треба да размислувам која врска да ја најдам за да ме вработат за некоја мизерна плата, или пак да го изберам твојот пат да работам во странство, а да живеам тука.
За да преживееш нормално во оваа вукојебина треба да се снаоѓаш и да имаш среќа. Сеедно дали е тоа бугарски пасош, врски, наследен бизнис, политика или што и да е. Да ти се мочам во таквата држава, па уште и благодарен да бидам