Автор Тема: Нема да може да се регистрираат автмобилите постари од 2000 година?  (Прочитано 28480 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Клабери, правилото е едноставно, пружи си ги нозете колку што е долга чергата. Германец да има 200 евра плата прва работа што ќе помисли е или како да заработи повеќе или да се храни во народни кујни. Ние прво помислуваме на кола, пошо нели потреба е.
Затоа Германците за 65 години од разрушена држава, со милјарди евра дадени на воени репарации денес е таму каде што е а ние сме на дното. Капиталот тешко се создава а лесно се губи. Тоа што повеќето од вас не го сфаќаат е дека ако зимате 500 евра плата вие не сте средна класа, вие сте пак сиромашни само што сте се лишиле од сите нормални работи за да ви стигнат парите. А минимум 50% од нас земаат 200 евра плата. Епа тоа само на Балкан го има.

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
јас не сум воопшто горд што сум македонец, но запрашајте се зошто не сум год што сум македонец, а сум можел да бидам

да бидам горд на тоа што не третираат како овци, што ги затворија и казнија сите фирми во државата, што ги затворија сите фабрики во битола, што после факултет ке треба да си го избришам газо со дипломата и да работам во кромберг и шуберт за 9.000, што за мене важат сите казни и закони а за некој со книшка не важи ништо...

се изразив и јас погрешно не дека не си ја сакам државата, тука сум роден и јас секогаш ке бидам македонец каде и да сум, поставеноста и системот во државата ме бркаат од моето родно место, а добро знаеме дека никаде не е како кај нас, дека неможиш на пример во германија или америка да седниш во вторник со другарите да пиеш и немаш слобода како тука а и секогаш си туѓинец каде и да си.

и како тоа студирам без пари тука, не се пари тие 200 евра од семестар(кои патем се повеќе од 250), за некого можи не се, за мене се многу пари, а како поинаку извини?

немој да ми кажуваш дека ти (Марјан) си задоволен од власта(било која до сега исти курац се и вмро и сдсм), ако е така зошто работиш во странство а живееш тука(не велам дека ти е лесно во кабина 3 месеци да живееш) зошто возиш бугарска кола? и јас имам бугарски пасош тоа не ми е спорно воопшто бидејки со македонскиот до пред некоја година можевме само да се запавкаме ако ни е жешко. јас не окривувам никој дека има двојно државјанство секој гледа начин и опција да ја прерани фамилијата.


за ваква работа во светот се прават протести и немири, а кај нас како и се друго ке помини така.


па и кај нас ке гледа како да заработи повеќе само што правиме со данокот за дополнителен приход, и тоа сакаат да го репнат до даска, и во која народна кујна да се хранам извини? една дали има во градот и колку грла може таа да задоволи, јас не сум толку неспособен да му го земам лебот на некој што стварно неможи да заработи за леб. и за разика од тука, таму и да нема кола има културен начин како да стигни до работа/факултет


едит: па и си ги пуштам нозете колку што ми е долга чергата, месечно приход имам околу 80 евра мои заработени пари(сервисирам мобилни телефони, кога има муштерии кога нема, без фирма и дуќан тоа е) возам најевтин автомобил што можам да го купам(да не одам 15 минути до автобуска на дождот па да седам воден 5 сати на факултет), немам фамилија за ранење моите пари ми се за трошење, лично за мои потреби, татко ми никогаш не ми побарал пари за нешто... што треба јас да направам повеќе како 20 годишен студент за да можам да функционирам како нормален човек во оваа држава(не паразит како повеќето што земаат пари од дома за да дремат на кафе), да работам како келнер в кафич? епа неможи сите тоа да го работат или треба па да почнам да крадам за да имам пари?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6671
  • Бенве сие бенве
Многу луѓе погрешно ме разбраа, државата ни оди во лош правец, светот оди во лош правец, се оди на тоа да се сотре сиромаштијата, кој има ќе преживее, кој не, нека умре. Ние како верни следбеници на трендот за жал го прифаќаме тоа, јас не велам да не се возат стари коли, нека се возат технички исправни, а за оние со новите еуро 5-6 и хибриди нека има поволности, поевтина такса, патарини, осигурувања, паркинг или било што, во спротивно вака како што е тие излегуваат будали наспроти некој што вози двотактен варбург. Секаде се возат и ќе се возат стари коли, секаде има сиромашни луѓе и законот однапред беше осуден на пропаст. За почеток нека се воведат зелени зони, некои поволности, нека се воведе откуп на старите возила и нека се поткрепи купувачот со некој денар за ново пунто да речеме и слична кола за пониска цена. пр. имаш голф 3, ти ја ценат 2000еур + државата 1500 за секоја предадена кола, ново гранде со клима е 8500 ти остануваат за доплата 5000 со некоја ниска камата влечи ги 10год на пример.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
прво и основно испомешавте брзини превише... на прво место е изјавата што многу често ја слушам од разни членови и луѓе, демек горди патриоти: ДРЖАВАТА БЕСПАРИ ТЕ ИСШКОЛУВАЛА и основно и средно и факултет... значи бесплатно, баш и не е, се купуваат еден куп други тракаташки за децата, но како услуга ШКОЛУВАЊЕ да, бесплатна е, значи не плаќаме за децата за школување во државните училишта... но, јас колку што знам сите земји во целиот ебан свет имаат државни училишта-БЕСПЛАТНИ од тој аспект...


би сакал уште да пишувам, попрашањето за екологија со возила и дрн дрн дрн муабети, ама ми се згади, ми се сповраќа од муабетиве што ги исчитав... се обраќам на поддржувачите на  овој (никогаш предложен) закон:

вие господа или никогаш не се случило да немате пари и да крпите крај со крај, или одамна било па сте подзаборавиле како изгледа тоа... нелагодарно од ваша страна...

а од последен момент за дискусија е како што и претходно напишав возачите со двојно државјанство што возат возила со стрнаски таблици.. не е само маријан таков, ги има неколку тука, а гласни се на темава... значи плаќаат во друга држава ЕКО ТАКСИ, а возат по македонските улици и паламудат за екологија со возила... немојте.. значи стварно, немојте, не е етички тоа да го правите...  не сум ништо поголем патриот од вас, и јас би запалил патиките кон надвор од државава оној момент кога ке ми се створи реална и вистинска прилика за истото... но не дрвам за екологија возејки странски таблици... не дрвам за политика и економија работејки во странство... барем моралот треба да биде по присутен при такви моменти...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Клабери, правилото е едноставно, пружи си ги нозете колку што е долга чергата.
А,такаааа.Имам пари за кола,зошто да не возам?Зошто да одам со автобус?
Батали Германците......
Мал едит,лошо се изразив...

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
За да не се жалите после во темата за воздухот во Скопје ;)

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Ocigledna e podelba na :
1. forumdzii so poveke pari (jadat govna za ekologija a u stvati gi boli takvoto)
2. forumdzii so pomalku pari odn. obicni ziteli na drzava od 3 svet(neli taka gi rangiraat)

p.s.  jas specaliv nekoja para nadvor ama nikogas nema da zaboravam koga nemav ovdeka,  taka da sekogas sum od strana na poslabiot
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Исто и јас!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Маракана, очигледно погледот на работите ти е многу ограничен чим делиш во две категории.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
 a vo kolku treba da delam, imas ili nemas ???? so filozofija do kaj ke stigneme ??? podolu od ova moze li

edit: ili ke racuname vo sredna klasa  ludje vo drzavna administracija  i drugi koi sto ziveaat na kredit
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Маракана, очигледно погледот на работите ти е многу ограничен чим делиш во две категории.
http://www.truthpizza.org/polarize.htm

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Маракана, очигледно погледот на работите ти е многу ограничен чим делиш во две категории.
http://www.truthpizza.org/polarize.htm

Sad but true
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Така е. Или една есктрема или друга. Нема средина.

Маракана, не чини да генерализираш на тој начин. Има форумџии со повеќе и со помалку пари. Споменувањето на јадење на гомна за нешто е многу недозреано и очајничко во било која конотација.

Спомнуваш класи на луѓе. Со која цел? Што е битно кој која класа е? Како да сакаш да кажеш нешто ама тука се запираш. Што ти е поентата на муабетот? Дека некој што има 35.000 за електрично возило го боли таквото за екологија или што?
Јас на пример кога бев средношколец едвај прикрпував пари за јадење а бев активен член во Сојуз на еколошки друштва. Утре кога ќе имам многу пари повторно ќе бидам активист за чиста средина. Јасно ли ти е дека идеалите на некој човек не се дефинираат според општествената и економската класификација?

Маракана, очигледно погледот на работите ти е многу ограничен чим делиш во две категории.
http://www.truthpizza.org/polarize.htm

Sad but true

Патем, тоа се однесува на тебе а не на мене.

Отсутен Marakana

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
Ne generaliziram jas, i jas znam sto e ubavo... samo gi komentiram pisuvanjata na forumov (daleku od toa deka vazi za site) , znaci samo tuka kako sto se pisuva.
No, gledam deka i "vlada" reterira so kako nekoj napisa proben balon pa taka i nie bi trebale da ja spustime na zemja.

 http://vecer.mk/ekonomija/za-dve-nedeli-vladata-kje-reshava-shto-so-vozilata-so-euro-0-i-1

Inace ,druze ako si ja slusnal ona ... Sit gladnom ne veruje...
Коме је суђено да буде јебан, том гаће саме падају

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Зошто на српски? Зошто не на макеоднски?

Ситиот на гладниот не му верува.... И тоа е генерализација што некој ја употребува кога му одговара. Јас мислам дека не е точна таа поговорка. Јас би ја реформулирал во Прејадениот на гладниот не му верува. Од причина што ситиот е сит, затоа што знае што е глад. Се надевам дека сите гладни еден ден ќе станат сити.
А свињата прејадена....? Таа ни себе не си верува.,