екологијата е последната работа што треба да се средува во македонија, посебно загадувањето од автомобилите.
Јас сум студент, живеам и студирам во Битола, значи тука плаќам регистрација, еко такса и патарина еднаш годишно, возам фичо од 70та година и месечно нека правам одприлика ~500км(помалку се ама ајде), немој некој да речи дека мене не ми е потребен автомобил, туку се луксузирам со него(само затоа што сум студент) во мојата фамилија(живеам со родителите) имаме 2 возила, фичото и пежо од 94та година, релано потребни ни се 2 возила а ке бидат и 3 кога брат ми ке земи возачка. Моите заедно земаат плата околу 20.000 денари, и некој ке ми кажи дека јас бидејки немам пари да купам а и одржавам возило со еуро 4 стандард не треба да возам, дека треба да одам на факултет со автобус или велосипед(на дожд, ладно, снег), или дека после 9 часот навечер јас немам потреба да излезам од дома( после 9 нема автобус) или треба да одам со точак ? а женската на кадро да ја качам?
настрана тоа што моето возило е олдтајмер(собири изложби итн...) тоа е во втор план, во прв план возам фичо бидејки немам пари за поубаво(еуро 4 ни на сон со нашите примања)
пари за бензин и регистрација јас си знам како берам, голема предност што знам сам да го сервисирам па не давам пари и за тоа (зборувам за ТЕХНИЧКИ ИСПРАВНО ВОЗИЛО ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ)
реално во македонија нова кола ретко кој можи да си дозволи.
јас не земам никаква плата, па реално и ова што го имам јас, многу го немаат а не дека не сакаат, или немаат потреба од автомобил ама се ПРИНУДЕНИ да одат пеш или со автобус/велосипед.
јас разбирам закон да не смеам да фрлам ѓубре на улица или да палам цигара в пошта ама да не смеам да возам кола оти така му текнало на некој партиски идиот ? па тоа го нема никаде во светот.
а и друга работа, како смее да ме натера да ставам катализатор на возило што фабрички го немало?
да, да зема таткоми плата 2.000 евра, мајками исто така, јас 1.000 евра и да работам пола работно време(бидејки сум студент) државата да ми најди работа, ПО СТРУКАТА (бидејки сум студент), тогаш и јас ке размислувам за екологија, ама сега на овај стандард и + рек што ми чади над глава и има фиктивни филтри на оџаците немојте екологија, на сите проблеми што ги има народот тука уште ова ни фали.