На колешка ќерка и замина пред 3 месеци во Германија, на сопругот му понудиле работа и се собраа и заминаа. Моментално живеат комотно без проблем од неговата плата која е просечна за Германија. Ќерка и се породи пред еден месец. Цел процес од моментот на стапнување во болницата како трудница, до напуштање на болницата со бебе во рака беше БЕСПЛАТЕН. Од пораѓање, витамини, количка за детето, млеко во прав за секој случај, прегледи, дополнителни лекови, 700 евра на сметка ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ ДА И СЕ НАЈДАТ, ќебиња и останати тралалајки...
Млад сум, немам дете, а планирам во иднина, ама да си прашам: следува нешто од ова кај нас?
Иднината, просперитетот и одредената сигурност кои ги нудат развиените европски држави се она што привлекува. Мене ми е страв за моето дете како ќе живее тука (ако воопшто останам тука).