Вечната дилема за иселешништво, дали се исплаќа или не

Видете дечки, ако ви е погодено во Македонија, нема поубаво место од дома. Со тоа што во Македонија речиси ништо не е погодено освен ако не си го најдиш некако местото под Сонцето.
Вториот момент, муабетот за идните генерации, зависи само од нас бе другарчиња. Сами си ја правиме кашата. Ако се продолжи со партиските полтрони и мегаломани на власт никогаш нема да не биде.
Состојбата во Македонија ниту ни ја направи Грција, ниту Бугарија, ниту Албанија...сами си ја направивме.
Цело време го перат умот дека Грција е единствениот чинител за нашата мизерија, што нема благе везе. Самите сме си криви.
А тоа дека многу убаво се живее на запад, мало морген. Да, ОК сето она што кај нас не го бива,а е круцијално е горе-долу средено (образование, здравство, работа). Да, можеш да живееш ОК со ПЛАТИТЕ (Две миниум) и да тераш живот, ама веќе не се печали како на времето.
Една работа се надевам дека ви е јасна. Во Швајцарија 3000 евра плата е како кај нас 300. Вредноста на парите е различна.
Така што ако земате 3000 евра плата не значи дека сте богати.
Пример во Австралија работев со фотографија. Една сабота ми беше 200 евра (12 саати работа). Со 200 евра овде некои фамилија гледаат, а мене едвај ми стигаа за транспорт, јадење и едно кафе со колегите во текот на неделата. Само за илустрација (во евра) 6 евра ми беше во еден правец од дома до центар. 12 евра одење идење. Каде е да купиш јадење, ...и ред други работи.
Ако бегате некаде, барајте добро место за живеење и релативно добра (исплатлива) работа и некој да ви помогни. Иначе ќе земам пасош, ќе одам Шведска ќе работам шо било и ќе напраам пари,...маааало морген.