Не знам шо чекате бе деца. Сите кукате, вака било Германија, така било Шведска, ...ве гледам тука седете. Ајде одете.

Ниту ви брани некој да изведете бугарски , ниту ќе ве сметаме за помалку патриоти (барем не ние што имаме тро разум).
Сите кукаат никој со прст не мрднува.
Отровен бил воздухот во Скопје. ОК на што се должи тоа? Зошто бе сега не е (добро де, не толку колку зимно време)?
Истите коли се зимно време, истите фабрики се зимно време. А? Any brainers? Домаќинствата дами и господа.
Кога ќе напикате гуми и пластики внатре да се чудите зошто ни е загаден воздухот.
Повлекувам парарела, btw. Општеството сме ние. Ние си ја кроиме среќата и мизеријата.
Замислуваме некое чудовиште кое не тишти тука сите, не труе со загаден воздух, ни дава ниска плата, не ни дава квалитетно образование, го руши здравствениот систем.
Не знам до каде со таквиот начин на размислување, ама Грујовците и сл. на нив ќе си го искористуваат тоа се додека веруваме во Баба Рога. Место да инвестираат и да работат на подобрување на виталните потреби на граѓаните тие си играат курташак.
Граѓаните место да бидат објективен и конструктивен фактор, цело време веруваат во некакви си теории на заговор и ќе слушаш муабети „Абе брачед ми е Германија, зема 1700 евра, реновира куќа, ја зеде жената...кај да е ќе купи Mercedes S класа“.
Пак ќе речам, оти знам дека ќе бидам погрешно сфатен: Потполно се согласувам дека на запад е подобро. Имам еден тон работи да изнакажам зошто. Но, мене ме нервира фактот што сме како разгалени детишта во сопствената држава кои секогаш ја бараат кривицата во други, а не во самите нас.