Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 137008 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #705 на: 31 Јануари 2024, 15:10:46 pm »
Како го владееш германскиот јазик? Дали пред да заминете, посетувавте курс?

Во Македонија одев на курс но кога дојдов овде сфатив дека бадијала сум одел.Првите 6 месеци додека работев во Миле работев со чепови во ушите бидејќи имаше бучава од машините.Последниве неколку месеци доста научив,не дека го владеам 100% но доволно да можам да комуницирам и да се разберам.Посебно сега,на ова работно место се учи многу јазикот.

@nikola_bb Јас сум во Северна Рајна Вестфалија,Гутерслох,стан да најдеш е тешко,барем во градот.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #706 на: 31 Јануари 2024, 16:07:01 pm »
Шо преварант има таму тежок, иселен Велешанец кој го бараат со потера, се претставува со лажно име и презиме. Подалеку од него, има над 10 профили "работа во Германија", ни ги искористи пасошите бугарски за лоши цели и бараше огримна сума на пари, зарди тој човек бевме фамилијарно во Германија, побарав отсуство од училиште и патувавме 4700км за 48 часа. Кога се вративме пушташе Велешани да се закануваат, но многу брзо се смирија, по татко сум од тој крај  ;D

Лажна нерегистрирана агенција "Büroservice".

Отсутен stanzli

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #707 на: 31 Јануари 2024, 17:08:16 pm »
Другари, барам помош околу наоѓање на мал стан за сам човек, во околината источно од Берлин - erkner, grunheide, fürstenwalde-spree, bad saarow...
Ај шо немам нешто роднини по светот, па и не познавам пријатели по тој крај на Германија така да ептен сум малер во тој поглед.

Кој може и ако има било какво инфо нека помага - би му бил бескрајно благодарен.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #708 на: 31 Јануари 2024, 17:23:53 pm »
Другари, барам помош околу наоѓање на мал стан за сам човек, во околината источно од Берлин - erkner, grunheide, fürstenwalde-spree, bad saarow...
Ај шо немам нешто роднини по светот, па и не познавам пријатели по тој крај на Германија така да ептен сум малер во тој поглед.

Кој може и ако има било какво инфо нека помага - би му бил бескрајно благодарен.

Отвори на фб, гастрбајтери групата. Одма ќе најдеш по четовите.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #709 на: 31 Јануари 2024, 17:53:07 pm »
Не е пишано во темава повеќе од 1 година,можеби некој ќе осудува,најверојатно ќе осудува покрај целава политичка ситуација,но политика не ме интересира.

Минатата недела после 5години почната процедура излезе Бг државјанството,некаде на почетокот од август ќе одам да го подигнам,па како е редот пасош и лична карта и здравје некаде напролет 2023 се планира заминување од вукојебинава.

Мене после 4,5години ме одбиа поднесено 2017 одбиен 2021 со разлог достава дополнителен документ кој неможев да го најдам 1 братучед 2015 год зема пасош  без потекло и слично а мене ме одбиа.

Веќе неколку години бараат некој стар документ,јас да не најдев ќе бев одбиен,но сега неколку пријатели извадија некои стари документи од архиви во Бг и добија пасоши.

Јас сум веќе година и 2 месеци во Де,по кажување од други до пред неколку години било подобро,после короната и сега овие војниве стандардот е малку паднат,но сепак се функционира подобро од Северна.Јас работам некои си полни 13 месеци,сопругата е на теилцаит или на 100ч месечно точно 1 година,минатата година ова време  на Де сметката имаше некои си 1ххх е ,денес има 11ххх е ,а можеше и подобро.Декември 2022 почнав со работа во Миле и работев до мај 2023,фати кризата,не ни продолжија договори,од тогаш сменив неколку работни места,за работа не е проблем да се најде.Во петок завршуваш,понеделник започнуваш на друго место.Од 15 јануари оваа година почнав со работа во Црвен крст,работата е нишај врата земај плата,платата не е ич лоша,но секогаш се може повеќе,барем овде.

Проблем е да се најде стан,место каде што ќе се седи,неколку денови барам нов стан и не е ни најмалку лесно иако имаме договори за работа,платни листи но е навистина тешко а кириите се качени до небо.


Да се надоврзам на темава. Од тоа што разбрав, сега ептен ептен било затегнато добивање државјанство.
Прават детални проверки во тој нивниот архив и малку нешто да не се совпаѓа ти бараат плус документи и ако не докажеш - чао рагаци.

Реално и така треба да е.

Тој што зеде - зеде, другите сеа малко трудно.

Од друга страна Германците сеа не прават проблем за работна виза, ама друго е да си ЕУ граѓанин друго е да си на работна. Знам од лично искуство.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #710 на: 31 Јануари 2024, 18:47:41 pm »
Зошто треба така да е?
Ќоро и сакато зеде па сега требало незнам како да биди.Работава демек јас свршив работа па другите кој ги е..?

За 150е се вадеше пасош 2000г,ни потекло ни роднина па сега мрсните ќе глумат лудило.

Инаку со доволно пари се вади каков сакаш пасош,законите се измислени за народот. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #711 на: 31 Јануари 2024, 18:50:33 pm »
Посредувам за бугарски, само за девојки до 25 години.
иМбокс.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #712 на: 31 Јануари 2024, 19:35:40 pm »
Посредувам за бугарски, само за девојки до 25 години.
иМбокс.

Колку цм се у прашање, и дали ако мажот се чувствува како девојка, поминува?




Мече, ги научи швабите македонски?  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #713 на: 31 Јануари 2024, 19:51:11 pm »
Не сум платен за тоа,така дљ кој ги тркала. ;D
Ретко кој можи Шваба да научи,пошо тие се знаат,така да не се замарам,а јас треба да се запнам да научам да положам таму б1,б2 да земам пасош и ајт со здравје.Ама не ми се учи некако. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2060
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #714 на: 31 Јануари 2024, 20:04:36 pm »
Зошто треба така да е?
Ќоро и сакато зеде па сега требало незнам како да биди.Работава демек јас свршив работа па другите кој ги е..?

За 150е се вадеше пасош 2000г,ни потекло ни роднина па сега мрсните ќе глумат лудило.

Инаку со доволно пари се вади каков сакаш пасош,законите се измислени за народот. ;D

Ама и прдекана ке свири :) :)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2060
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #715 на: 31 Јануари 2024, 20:05:36 pm »
Посредувам за бугарски, само за девојки до 25 години.
иМбокс.

Колку цм се у прашање, и дали ако мажот се чувствува како девојка, поминува?

Исклучиво ако си бринета



Мече, ги научи швабите македонски?  ;D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5907
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #716 на: 31 Јануари 2024, 20:07:35 pm »
Посредувам за бугарски, само за девојки до 25 години.
иМбокс.

Колку цм се у прашање, и дали ако мажот се чувствува како девојка, поминува?




Мече, ги научи швабите македонски?  ;D

Само после проверка на способностите без раце и договор во иМбокс.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #717 на: 31 Јануари 2024, 22:21:28 pm »
Зошто треба така да е?
Ќоро и сакато зеде па сега требало незнам како да биди.Работава демек јас свршив работа па другите кој ги е..?

За 150е се вадеше пасош 2000г,ни потекло ни роднина па сега мрсните ќе глумат лудило.

Инаку со доволно пари се вади каков сакаш пасош,законите се измислени за народот. ;D


Така треба да е, оти така треба системот да функционира - сеа ако тебе не ти одговара (не тебе конкретно, туку така е зборот) тоа е друг муабет.

Тогаш се земаа државјанства да возиш кола со бугарски таблици оти 300 евра регистрација беше, а се земаше плата 150 евра.

Иначе бујрум, ако имаш егејско потекло одма се вади грчко.

Брачед мој изваде и работи ко тебе со камиони во Германија. Можи се знаете по битолска линија. Кондоклоцис :)


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #718 на: 31 Јануари 2024, 22:26:09 pm »
Од друга страна Германците сеа не прават проблем за работна виза, ама друго е да си ЕУ граѓанин друго е да си на работна. Знам од лично искуство.

Во која смисла е друго? Ако не те мрзи да пишуваш, нормално :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #719 на: 31 Јануари 2024, 22:37:26 pm »
Барем Шведска ете ќе ја дадам за пример.

Шведска со МК пасош работиш со UT card (работна дозвола). Дозволата ти е врзана со конкретен работодавач.

Пишува Петко Петковски фирма КарКлуб АБ Малме.

Сакаш да смениш фирма, цел процес од почеток и нова дозвола.

Е сеа, фирмиве го знаат тој момент и кога ти нудат плата да речеме ти даваат пониска. Ако одредена позиција е 2500-3000 евра тој ти дава 2600. Е имаат синдикат и приватниците и синдикатот ќе ги удри по рака и ќе ти кренат 150 евра.

Ако си со ЕУ пасош им викаш сакам барем 3000.

Нормално сето ова е ако си квалификуван, не мора да го објаснувам тој моменет.


Исто е и на Малта. Со МК пасош да речеме 1500 евра плата. Со ЕУ пасош иста позиција 2000.