Друже не му ја мисли многу и вози.
Јас имав ист таков проблем, а може и сеуште го имам, немам проверено.
Бев и на овластен сервис и кај маалски мајстор и ми рекоа дека било нормално.
Се сомневав на губење на компресија ама немав никакви симптоми, колата нормално забрзуваше и нормално трошеше. Проверив и со OBD2 адаптер и не ми јави никакви проблеми.
Мислев и дека може да биде проблем со кумплугот и тоа го проверив како што ми беше сугерирано (ја оставаш колата во лер и го одпушташ кумплугот, ако се гасне веднаш ОК било, значи дека кумплугот одлепувал како што треба) и функционираше нормално, колата веднаш гаснеше.
Така да .....вози и не се замарај.