Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 30747 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #120 на: 29 Декември 2023, 10:32:21 am »
Дотераја тро. Ова крилото сам можиш да го подиспрајш. Малку боичка и топ. Таксисти, кола за дрнкање секогаш треба 😁

Хахах, не заебавај, од моја страна нема ништо каросериски фарбано или менувано, како што ја зедов така и ќе остани, со „прва боја“.
Крилото ако го подсредувам ќе треба сосе праг до напред да се фарба оти има зуцки од камчиња, и потоа истото и од другата страна да не дели, и после тоа да следуваат прашања од купците зошто сум ја криел рѓата што воопшто ја нема.  ;D

Инаку самоуверен сум дека ќе ја продадам за брзо за нормална цена, кога ќе му дојди денот, пошто е чиста, средена цело време иако не постирам, и имам доверба во исправноста, два пати не се мислам ако треба до Истанбул да одам, знам дека ќе одам и ќе се вратам без проблем.

Е сега не е толку уба како на несторо ама ќе се помирам со тој факт.  ;D

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #121 на: 29 Декември 2023, 11:43:04 am »
Хахахахаха, пак јас тука.
Кај мене браниците почнаа да пукаат и вратата малку да ја средам, ама сега не се приметува и ја возам. Ме кошта над 4000€ и тука ставам точка. Наредно со ваква "каначка" не се занимавам, имам со таа кола доста спомени и ќе ја чувам и пазам, ама Лексусот ќе почека ако продолжам да вложувам. Кога не мислиш многу на колата и си посветуваш време на себе и шеташ наместо тие 100-200-500€ да ги фрлиш по колата, тогаш си победил.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #122 на: 29 Декември 2023, 15:58:17 pm »
Несторче, немој вака ќе ни остариш пред време... Терај си филмот како тебе ти е убаво, старите викаат се во свое време.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #123 на: 29 Декември 2023, 18:33:59 pm »
Или предвреме. Зависи

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #124 на: 13 Август 2024, 08:15:43 am »
Хронолошки,
зимата купив нови амортизери на багажник пошто старите на ладното многу слабо држеа, и сега со новиве екстра вежба за грбот правам за да го затворам багажникот.
Монро 1630ден двата.




Следно заприметив ко ги менував зимските со летните гуми, мрсно потркилото на едно место, а и моторот ми беше така помрсен во последно,
ама овој пат ја прели капачката и почна да капи посериозно, однапред ок беше до некој степен, ама од назад „жива вода“. На шипка не се осеќаше,
50-100мм кај ќе се осетат... По мое, од капачка за вентили/ брегаста доби наповеќе поени за вина.

Па купен нов дихтунг/ гумица 450ден и Victor Reinzosil 550ден.






Фабрички кога ја извадов капачката, имаше некој лепак на четирите ќошеви, а по упатство од колата и упатство од VictorReinz
викаа на тоа место да се стави лепак (жолти кругови). Имаше и дупло поефтини лепаци за оваа намена ама пошто само од VictorReinz
имаа најкомплетно упатство за употреба и карактеристики, не заштедив 250ден.








Исчистено и монтирано со килажен клуч (позајмен од другар), штрафови стегнати по упатство на 13Nm и после 4 месеци се е ОК, никаде не пушта.

Следно го решив за трајно постојаното исклучување на воздушното перниче кај совозачот, машките пинови во женските повеќе не држеа добар контакт
и на вибрации постојано на табла сервис и воздушното сијаличе ми се пуштаа. Ставив брзи спојки за да можи да се вади седиштето во иднина ако треба.




И последно најскоро беше ментешката од вратата шо крцкаше, и сега не крцка, за 1680ден од Англија од ибеј.

Стара надвор, нова внатре.






Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #125 на: 13 Август 2024, 08:44:56 am »
Ситници ко ситници, ама раат значат.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #126 на: 13 Август 2024, 09:23:25 am »
Малку лаички можеби, ова е дихтунг на глава што го викаме или има посебен дихтунг на капачката на вентилите/брегаста?

Кај мене е мрсно/влажно позади/доле кај моторот, ама уште немам прецизна дијагноза од што е.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #127 на: 13 Август 2024, 09:28:12 am »
Ова е дихтунг на капакот за вентили.

Дихтунг на глава е ниво подоле локациски и ниво погоре сериозно.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #128 на: 13 Август 2024, 09:53:41 am »
Точно, како шо вика Дизел е ова, или на англиски Rocker cover.
Кај тебе Филип можи е истиот проблем или, дихтунг на глава, ама ова е многу ретко, или масленото црево од турбото. Друго не знам што би имал назад.

Заборавив да напоменам дека 24ч не ја запалив колата за да се исуши лепакот.

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 914
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #129 на: 13 Август 2024, 10:16:53 am »
Точно, како шо вика Дизел е ова, или на англиски Rocker cover.
Кај тебе Филип можи е истиот проблем или, дихтунг на глава, ама ова е многу ретко, или масленото црево од турбото. Друго не знам што би имал назад.

Заборавив да напоменам дека 24ч не ја запалив колата за да се исуши лепакот.

Или valve cover, некаде е и така познат, бар за Бенвиња така го викаат и си е чест проблем кај скоро сите 🤗


Обично ако е дихтунгот на главата за менување, ќе влегува антифриз во цилиндрите и ќе почне да фрла бел чад низ ауспух. Не секогаш, ама најчесто. Најверојатно е дихтунгот на поклопец/брегаста, си иде со километрите.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #130 на: 13 Август 2024, 14:48:53 pm »
Reinzosil-от каде го купи?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6366
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #131 на: 13 Август 2024, 15:02:37 pm »
Carpoint од Битола, а видов Еуро07 е увозник.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #132 на: 13 Август 2024, 16:05:59 pm »
Чим е еуро тулс брзо ке пушти...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5666
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #133 на: 13 Август 2024, 16:26:46 pm »
Ме бендисува со брзите спојки тоа за аирбагот. На колку км менуваш масло, гледам доста чисто?

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2153
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #134 на: 13 Август 2024, 16:38:10 pm »
Боли сликата со спојките.....
Еднаш си играв со такви за на брава електрична кој звук го вадат ко ќе ги затвориш.... па уште и ноктот ако го фатиш :)

Он топик: мораше ментешка да смениш?
Не се решаваше крцкањето со некој лубрикант?