Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 553600 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2310 на: 21 Јуни 2025, 20:06:01 pm »
Здраво, дали некој има лошо искуство со тропкање на суспензија на MQB платформа на VW? Се работи за Карок со околу 40к, на легнати полицајци има некое кланкање (клунк - клунк), однесено е возилото во официјален сервис не можеа да најдат ништо. Си се вратив, гаранцијата истече и проблемот не се реши.

Гледам по странски форуми дека ова е изразен проблем кај VW групација за кој наводно нема некое решение. Подмачкани се сите "bushings" со силиконски спреј но проблемот не се отклони.

Некој совет?

Стој понастрана од VW следен пат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2311 на: 22 Јуни 2025, 09:40:08 am »
Здраво, дали некој има лошо искуство со тропкање на суспензија на MQB платформа на VW? Се работи за Карок со околу 40к, на легнати полицајци има некое кланкање (клунк - клунк), однесено е возилото во официјален сервис не можеа да најдат ништо. Си се вратив, гаранцијата истече и проблемот не се реши.

Гледам по странски форуми дека ова е изразен проблем кај VW групација за кој наводно нема некое решение. Подмачкани се сите "bushings" со силиконски спреј но проблемот не се отклони.

Некој совет?

Оди кај други мајстори нека ја видат. Ништо не те кошта. Сега надвор од гаранција не си венчан со официјален сервис

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2312 на: 08 Јули 2025, 11:31:11 am »
Ај eдно искуство со Ред Ауто Битола

Ми тресеше колата на тргнување од прва некое време поинтензивно, ама си ја имав научено и можев да тргнам без да ми затреси со поблаги стартови,
а за посилно беше потешко да се контролира, па си реков ко ќе ја продавам шо ќе ми спуштаат на цена, ќе сменам сет ламела ќе си ја повозам колата ко чоек.

Па беше предложено од нив, сет Лук, потисна ламела и друк лагер, го сменаа, и дури беа тука сменаа и еден лагер на полуосовина.

Ко ја склопија, ми се јавува чоекот и ми вика дали беше во ред со брзините во влегувањето.
- Да нормално беше, освен тресењето шо ме нервираше.
- Епа сега тешко влегува во брзини менувачот, не ме бендисува вака, нешто не е ко шо треба, ми вика.

Отидов да видам шо е работата и вистина, тешко довлегуваше во брзини, требаше на сила малку за да се турни менувачот до крај,
ја возам ок е педалото и за тргнување, ама менувачот не чини, колата полоша него шо ја однесов.  :D

Не знае што е работата, Валео е оригиналниот кит шо беше вкола, и ми вика ќе порача нов кит Валео и со него ќе пробаат,
досега немале проблем ваков, ама ете да не има некој милиметар различен во Лук сетот па да прави проблем.

По 2 дена, колата готова, менува брзини ко претходно, нема тресење, дури и поуба е колата за возење, и понема вибрации на мали вртежи и подирекна е гаста сега, убајна.

Заклучок,
дека се познаваме со Борче онака, дека ја носам кај нив за поголеми работи, излезе во пресрет и не испадна брич како повеќето мајстори, и два пати вадеа менувач за истите пари.

Цена:
- 15000ден сет Валео
- 5500ден раб. рака
- 300ден глицерин
- 1200ден лагер

Тотал, 22000ден,
му оставив 1000ка плус за тоа шо испадна фер и не ми рече, тераа ќе легни.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2313 на: 08 Јули 2025, 13:18:30 pm »
Дечките се со  многу фер однос и корекни цени. Препорака и од мене. Сменаа само пред извесно време политика да работат само со свои делови. Во случајо ти да си однесел сет да ти го сменат само сигурно ќе беше поинаков исходот. Вака си имаш од кај нив гаранција за делот и за сработеното.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2314 на: 08 Јули 2025, 13:28:19 pm »
Срам ми е да му носам свој дел, пошто тие си прават ќар и во набавката, само еднаш имам одено со главина за предно тркало за промена,
пошто беше со порачка истата, ја чекав, и потоа му ја однесов со нивни лагер и раб. рака да ја променат.

Нијанса е поскапо него кај друг мајстор, ама мора така, пошто мајсторот не плаќа ддв,
плус знам овде, денес ја носам, утре ја земам, не на друго место да ме дупат остави ја ќе ја видиме, а одоколу уште 10 коли.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2315 на: 08 Јули 2025, 13:29:19 pm »
То е во Битола, или ќе налеташ на апаш некој или вака фер мајстори. За среќа помал град е па се разбират кој е кој :)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2276
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2316 на: 08 Јули 2025, 13:36:02 pm »
Пак ќе речам дека се многу фер и коректни со цените. Последно лагер ми менваа мене напред работна рака беше 200ки поскапо од кај маалски мајстор. Башка имаат и преса и се што треба. И друго е на дигалка кога ќе ја крени ем полесно за нив ем ќе види убо одоколу каква е состојбата.
На старата кола малскиот мајстор вканал и со токмак работеше на подвозје...

Исто така и продаваат нови гуми. Монтажа, балансирање и вентили се вклучени во цената.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2317 на: 08 Јули 2025, 13:36:43 pm »
Мајсторите се сите супер дечки, секогаш ми излегле во пресрет и тие и газдите. Плус работната рака е иста или поефтина од кај повеќето квази мајстори низ градот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2318 на: 08 Јули 2025, 14:05:07 pm »
Ништо, арно шо спомнавте. Да му кажам на стариот таму да ги носи колите. Некни едни му заебаа нови чаури на монтажа на Нубирата. Нови чаури да заебиш треба да си луд.
Оди на регистрација - му викат „Друже чаурите чорба ти се, а се гледа нови се“.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2319 на: 08 Јули 2025, 14:25:36 pm »
Не очекувај само премногу, секоја марка е различна, со Рено најверојатно имаат најповеќе искуство и потребни алати.
Никој не можи се да знае.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2320 на: 08 Јули 2025, 14:56:02 pm »
На Опел/Даеву ако не знат чаура да сменат, тури пепел :D Иститие чаури се од Аскона.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2321 на: 09 Јули 2025, 09:31:42 am »
Коректна и фер услуга, ама по мене и ова спаѓа во редовна услуга, зошто? Ти не си однел твој дел па искочила колата (односно сетот) дека не е во ред, па после они пробале пак и ја средиле. Мислам дека тоа си е нивен проблем со добавувачот на делот.

Во секој случај добро испаднало на крај, затоа што на друго место нема да се замараат да пробаат со друг нов сет, па ќе те убедуваат дека е до твојот менувач итн итн.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2322 на: 05 Август 2025, 01:09:23 am »
Дечки едно прашање имам киа која сеуште е под гаранција сега брзо ја зедов па ке треба да менувам уље и филтри, дали во овластен кога ке одам ке менуваат само уље или ако треба уште нешто  "поголемо" според километражата ако гледаат така се презакажува термин ?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2323 на: 05 Август 2025, 04:11:50 am »
На колку км е и дали е постојано носена во овластен?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 277
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #2324 на: 05 Август 2025, 17:37:47 pm »
На колку км е и дали е постојано носена во овластен?

Да носена е постојано моментално 118 000 , а сега исто што приметувам и дека скока во прва брзина на тргање некогаш па сигурно и ламела ке треба... а сигурно има и друго по километража што ќе менуват па да бидем спремен со кесето 😫
Sent from my iPhone using Tapatalk