Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 30881 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #30 на: 14 Ноември 2017, 16:28:23 pm »
После Sonax diesel system cleaner имаше некоја видна промена?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #31 на: 14 Ноември 2017, 20:05:56 pm »
Сега по наретко ги пуштам светлата да не се арчат, низ град навечер не ги палам чунки осветлено е, се гледа.

Инаку никаква промена немам со адитивите, а имам ставено Wynns, 2xWurth, Liqui Molly Super Diesel, Sonax и сега Liqui Moly Spulung,
си велам се е во ред па нема што да се поправи  :-\

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #32 на: 19 Јуни 2018, 14:22:27 pm »
Зимава и пролетвава ја поминав со непланиран трошок за замена на термостат и нов антифриз пошто стариот ојде јабана, и го направив совозачкиот прозорец кој при крајот наоѓаше на отпор и мораше понекогаш со сецкање да го затворам. После толку години ми текна да ги проверам гумиците и таа кај ретровизорот(сечен, лепен, монитан од некого) не беше убаво наместена, па ја напасирав на лежиште и сега џамот цакум пакум.

- 218,600км - Патосници теписонски од Самад од подебелите - 1800ден
- 219,800км - Toyo NanoEnergy 3 195/65-R15 - 5780ден
- Април 2018 - Bosch H230 заден бришач - 450ден
- 220,600км - Термостат и антифриз Lescot органски „зелен“ - 5000ден

Моментално е на 223,500км или
4 години (50.000км)

Потрошувачка: сеуште под 5L/100km


А во меѓувреме деновиве додека беше времето за никаде, а тамам за работа, ги префарбав гумираните рачки,
пошто не беа пријатни за гледање, се лепеа, гнасни, никакви. Кој се возел во меган 2/3-ка знае за што се работи.

Голем дел од времето ми одзеде стружењето на гумата од пластиката, а се користеше скалпер ама обратната страна,
и 150-ка шмиргла која остави на места подлабоки бразди кои сеуште се познаваат после бојадисувањето, моја утка, па после 400 па 800 водена шмиргла.



3 раце прајмер, 3 раце боја таа џоа металик, две раце лак, по 10мин измеѓу нанесување, за предните рачки,
истото без лак на другиот дел, со мат гри. За жал не ја погодив гри нијансата на бојата, ама то е, барем поубо на око е сега.



Користено: лак сјаен 160ден, прајмер 240ден, и по избор на боја од палета направени спрејови кај Шехи, кај каргото Битола, Антрацит мат RAL7016, и некоја металик од волксваген LS7P, 400ден по спреј. Шварцо се занесува многу, 500ден бил спрејот, и не можел мат да направи. Добро фала.



Крајниот резултат е за втора лига, ама јаска задоволен.
*сликано со 3310.


Пред тоа, есента ќе заборавев, расклопена предната маска, и поминати рабовите со текстилна трака или како и да се вика, од Теса,
и места каде што имаше жици внатре ги намотав, и кабелот во левиот стуб кај шофершајбната и него го изолирав, а пролетвава ги подмачкав тие шарките каде што се заклучува вратата за шасијата. И крцкањето моментално е 0 на вратите, а на маската скоро на 0.
Немам многу слики ама можи да се види отприлика што се направи.







Наредно во план ми се челичните бандажи да ги истружам и исфарбам, и рачките надворешни во боја на каросеријата да ги стросам, па ќе видиме.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #33 на: 19 Јуни 2018, 15:11:29 pm »
Гумираниот дел со што го обнови?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #34 на: 19 Јуни 2018, 15:42:59 pm »
Rackite de struzat lesno i odlicno so sungerce za sadovi od zelenata strana i topla voda. Gnasnoto paga kako ljuspa od varen kompir. Jas gi farbav kaj mene zimoska.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #35 на: 20 Јуни 2018, 07:02:14 am »
Гумираниот дел со што го обнови?
Со спреј, нема повеќе гума.

Еее Prcot не знаев, не проверив на гугле.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #36 на: 03 Јули 2018, 14:28:04 pm »
Пред некој ден, палам да ја приберам колата вгаража и излезе еден фамозен дефект на французите, проблеми со електрониката, аууу... (сликата не е моја)



Инаку колата во ред си беше си работеше и ја пикнав вгаража. Покасно проверив нешто литература и интернет,
па нурнав под хауба, и тука гледам осигурачите на плусот едниот е премостен со жица, јас слепец очите ми ги истера овие години не забележав.  ???

Ама пак во ред беше премостеното, што се случе не знам, на следно палење немаше појќе ерор.
Сепак превентивно го сменав осигурувачот со нов 30А 150ден (+1 резерва зедов), па да видиме како ќе се покажи,
а можи и овој другиот да е поткршен па тој да почнал да ме заебава. Ќе го сменам потаму тој.



Фелер, зошто и како се скрше појма немам, ама изгледа е редовна појава.


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #37 на: 14 Декември 2018, 09:59:58 am »
Мал апдејт од есенвава:

- капачка за масло Феби - 400ден
- мал сервис
 - Elf 900SXR 5W-40 4л+0.5л ланско, Muller воздушен и маслен, Фуџи кабина, шајбна 16мм) - 2630ден
- Регистрација - 9600ден
- Акумулатор Ромбат 65Ah 640A - 3900ден (без вратен стар)
- гуми Дунлоп Блуреспонсе фрлени после 28500км (со рамномерно трошење одат до 40000км)

сме на 229,000км...

Сменета беше капачката за масло оти околу старата беше така мрсно и изгледа не дихтоваше убаво,
па новата иако идентична многу тешко се затвораше, па малку шмиргла по запците и си легна.




Потоа со многу труд, чистење на бандажите, со резервниот претерав како за проба, 1.5 батерија ми требаше од пиштолот и 40мин, за потоа на останатите по 20мин и 1 батерија по бандаж. 2 спреја мат црни по 150ден, резултат задоволителен, остануваат нови раткапни наредно.



Потоа купено, Turtle Wax Renew polish, Turtle Wax Original течен, некоја микрофибер крпа, и од чичко али сунѓери и адаптер 125мм за на бормашина за полирање. Исполирано со просечни резултати, хауба и покрив, и задни светла. Најзадоволен од задните пошто беа малку замаглени оти ми ја фаќа задницата сонцето иако вгаража, и сега се убави и сјајни. Предните немаат потреба ама и нив ќе ги поминам ко ќе затопли времето.

Пред и потоа:


И сунѓерот меѓу шалт таблата? и шофершајбната кај совозачот беше турнат внатре едно 50цм и крцкаше на дупки многу ме нервираше последниве 4 години, па пред некој ден со помош на жица/тељ повлечен и вратен на место, јас среќен.

Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #38 на: 14 Декември 2018, 10:57:48 am »
Дај сликни шо ставаш на пиштолот да ги стругнеш бандажите,исто и адаптерот за  полирање,јас имам и шлајферица со потенциометар па да ја користам како полирка
Иначе супер испаднало 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2998
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #39 на: 14 Декември 2018, 12:52:23 pm »
Како успеа да го извлечеш сунѓерот? Пиши подетално.

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #40 на: 14 Декември 2018, 13:14:19 pm »
За стружење користев како овие двете десниве четки, ги има по железарииве, 50-100ден се, а од алија го порачав точно овој кит:



A за сунѓерот, значи земаш еден тел/љ обичен и крајчето си го формираш како ти одговара за фаќање, јас го направив кружно како окце, како забарско огледало, пошто вака како на сликата ми беше оштро и го дупеше сунѓерот можеше да го скини при тргање, па така го пикнав каде што е пропаднат, го заротирав алатчето да појди зад сунѓер, лизгам налево до каде што беше убаво наместен, и оттука со неколку тргања го подизвадив колку прст да ставиш и потоа останатото со рака лесно го истргав. Користев и стапчиња за ражничи како потпора да не ми се враќа назад меѓуобиди.




Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #41 на: 18 Септември 2019, 08:39:18 am »
Од претходната есен што има ново:
- гумици на турбо, за масло тие цевките појма нема што сменаа во Рено - 1000ден
- дишник, сепаратор за маслени пареи - 1800ден
- казна Грција - 10800ден
- доплонување фреон 130г, ново масло на компресор - 900ден
- 2х Nokian Wetproof 195/65 R15 - 6000ден
- Сајла кит за возачки прозорец - 700ден
- Брембо дискови и плочки, предни, од Грција - 100€ (сеуште ненаместени)

Најпресно е ова што ми се случе пред 2 недели, на затворање на прозорецот кога стигнав дома бев поздравен со еден пријатен крк крк звук. Имав време ја растурив вратата и што да видам, ново легендарно откажување на пластичен дел. Па се порача од каросерија само сајла китот, за среќа го имаа, па почекав скоро две недели додека стигни до Битола, и еве вчера го наместив. Инаку во Рено по порачка, цел механизам сосе шини за само 5000ден.






Претходно додека бев на одмор, некаде сум ја закачил убаво и колата доби уште една лузна.




А во овие 65000км, или 5.5 години летнаа многу пари по неа, а од наредниот месец ќе летнат уште повеќе кога се спрема мал сервис, втор голем сервис и нова регистрација. Засега колата е исправна, добро ме служи и не ме оставила за среќа на пат никогаш. Во категоријата сервис спаѓаат тоа што мора да се смени по одредени км или години, а во maintainance се работи што се менуваат како се трошат.

...моментално е на навидни 238,000км.


Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #42 на: 18 Септември 2019, 09:45:03 am »
убаво си образложил се детално, дај боже да те служи уште долго меганчето  ;)
кажи ми како да ја најдам апликацијава?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6373
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #43 на: 18 Септември 2019, 09:57:38 am »
Фала да те служи и твојата, а апликацијата е Fuelio:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.kajda.fuelio&hl=en

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 965
    • nobrain.dk
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #44 на: 23 Октомври 2019, 12:00:54 pm »
Prasanje, ja instalirav aplikacijata i posle nekolu polnenja benzin ne mi dava prosek na potrosuvacka... sto pravam pogresno?


Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."