Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 31198 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #15 на: 16 Октомври 2015, 18:24:29 pm »
Да да, друго видео гледав ама истото е, башка и се консултирав со техничката документација од колата, ко ќе знајш шо треба како треба лесно е после.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #16 на: 16 Октомври 2015, 23:55:04 pm »
Тие точките што ги има се од влечење, т.е. столбот бил исправуван.
Така ми изгледа на сликата.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #17 на: 17 Октомври 2015, 00:19:48 am »
Такви точки се прават и при затварање на вратата, а каишот останал надвор, како на сликата. Ако била чукана точките од извлекување се китираат па се фарбаат, сигурно нема да го фарба некитирано.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #18 на: 18 Октомври 2015, 08:39:53 am »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1770779

Нека заличи Меганчево :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #19 на: 18 Октомври 2015, 10:48:52 am »
Најубавите бандаши! Се мислам да му ги акнам на седанот многу убаво стојат ама гумите се изгор скапи... Да беа поефтини ке ги купев.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #20 на: 19 Октомври 2015, 07:58:24 am »
Тие точките што ги има се од влечење, т.е. столбот бил исправуван.
Така ми изгледа на сликата.
Ние немаме гајле еднаш ако е тумбана, да не е двапати.  ;)
Инаку и мене ми се има еднаш случено да ја лупнам вратата со појасот не собран, а секогаш уредно го прибирам,
за разлика од сестра ми која така го фрла, а башка и фактот што жени ја возеле колата пред мене (демек), ... абе ексик, од жена кола не се зема.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1770779

Нека заличи Меганчево :)

6 x 195/65 R15 имам нови гуми, а моментално и не можам да си дозволам толкави луксузи,
20,000 за некои си мидрејнџ гуми треба да дадам, инаку ефтини бандажите.
« Последно менување: 19 Октомври 2015, 08:03:34 am Power to the people »

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #21 на: 19 Мај 2016, 10:41:21 am »
Друже кај тебе фабричкото радио го има или не?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #22 на: 19 Мај 2016, 13:41:31 pm »
Да фабричкото е, не планирам да го менувам, има на алиекспрес некои гаџети за усб и аух за истото,
па ако се решам некогаш такво ќе земем место афтермаркет радио.

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #23 на: 19 Мај 2016, 13:56:08 pm »
А тоа фабричкото чита ли МП3?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #24 на: 19 Мај 2016, 14:02:55 pm »
Хах, нечита, аудио само, да знајш само каков шок ми беше, ама па кога ми текна дека 2002-ра цд-ња мк немаше, си велам ќути со касети шо не е.

Присутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 882
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #25 на: 19 Мај 2016, 14:15:50 pm »
Тогаш да не барам такво радио, мене ми беше шубе со тоа што го има сега, не пасува убаво, ама тоа ти е

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #26 на: 19 Мај 2016, 17:14:32 pm »
Е не е баш најлично, ама е функционално, да не ти е шубе. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #27 на: 20 Јануари 2017, 12:27:55 pm »
Апдејт малку

Од кога е земена, што трошоци:

- 8.000ден - шофершајбна Olympia
- 900ден - штрафови за тркала порачани од амазон (Febi 2x М12 х1.5, 1хМ14 х1.5, 19-ки) и 1 од дебојо
- 2.700ден - масло Evolution SXR 5W-40 5L, филтер Muller, работна рака
- 22.000ден - голем сервис (сет ребраст Gates, пк каиш, пумпа за вода, елф антифриз, спони х2, чаури на заден трап, плочки назад, пиксна волан, работна рака)
- 11.500ден - регистрација
- 15.800ден - зимски гуми Continental TS850 x4
- 2.400ден - брава централно назад лево (половна, старата почна звук како да шлајфова да вади)
- 270ден - сијалица Osram H7 х1 (обична)
- 600ден - промена на зимски во летни (треба бандаши да си земам)
- 3.690ден - зелен картон
- 1.800ден - клима, полнење и замена на вентил
- 2.200ден - филтер за нафта, работна рака
- 1.450ден - воздушен филтер, филтер за полен/вентилација

Гориво и потрошувачка - 31.600ден - 535.1L - 11.297km - 4.73L/100km
Тоа што е сервисирано се е правено во Ред Ауто - Битола, и водвор кај мене.

Моментално е на 185500km(ако се тие),

Да продолжиме:

- Септември 2015 - 2х Dunlop Sport Bluresponse 195/65 R15 - 7.000ден
- Ноември 2015 - Регистрација и зелен картон - 14.400ден
- 188.000км - Evolution SXR 5W-40 5L, филтер Muller - 2.500ден
- Декември 2015 - Energizer Plus 60Ah 540A акумулатор - 3.750ден
- 192.200км - Монро предни амортизери, SNR бафери, предни плочки, работна рака - 13.400ден
- Октомври 2016 - сијалица Wurth H7 х1 (повторно лев фар) - 230ден
- Ноември 2016 - Регистрација и зелен картон - 13.900ден
- 200.200км - Evolution SXR 5W-40 4L, филтри Muller, штопна, антифриз Leskot Elf дотурено 250мл - 3.150ден
- 202.000км - Свич за рикверц светла, масло за менувач Elf NFJ 75W-80 3L, работна рака - 3.300ден
- и други ситници...

Пари дадено за 2 години и 8 месеци (29,000км):
- 71,050ден (гориво и адитиви)
- 138,114ден (се останато)
Вкупно: 209,164ден

Потрошувачка: сеуште под 5L/100km

По втор пат направено јубилеј од 200к во Ноември, моментално е нешто над 202к.




Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #28 на: 14 Ноември 2017, 14:44:42 pm »
Потоа:

- 202.600км - држач на мотор/менувач Hutchinson - 1800ден
- 204.400км - центрирање - 600ден
- Април 2017 - сијалица Wurth H7 десен фар овој пат - 235ден
- Јуни 2017 - сервис на клима (дополнување на 120г фреон, масло на компресор) - 1000ден
- Јули 2017 - винт за влечење и странично жмигавче на старо - 1000ден
- 207.700км - 208.800км - Sonax diesel system cleaner - 260ден
- 213.500км - Октомври 2017 - антифриз дотурено 200мл
- 214.000км - сервис (Elf Evolution 900 SXR 5W-40, Muller филтер за кабина/масло/воздух, шајбна) - 3830ден
- 214.300км - 214.400км - Liqui Moly Spulung адитив - 390ден
- 214.500км - филтер за гориво Purflux, промена на глицерин Elf Frelube DOT4 - 3300ден
- Ноември 2017 - регистрација - 9900ден

3.5 години (41.000км)

Потрошувачка: сеуште под 5L/100km

Последнава година ме мачеше airbag-от што светеше, ама проблемот беше во конекторите во седиштата, многу ги шалтавме, контакт спреј не помогна.
Кај возачкото седиште беше премостена една жица (мислам масата), а кај совозачот беа фиксирани од двете страни жиците на коненторот со hot glue.





Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #29 на: 14 Ноември 2017, 15:00:10 pm »
Кај мојот бивши меган го имав истиов проблем со аир бегот и малце напред назад со седиштето и се среди. Можеби 2-3 пати се имало појавено во рок од 4-5 години. А и сијалициве гледам често се расипуваат, исти курац како и кај мене. Каква сакаш сијалица стави максимум трае една сезона. А монтирањето е доста заебано.