Ајде малку ум, турбината на мојата кола во потписот, почна да мрси и капи поинтензивно на катализаторот. Ја пратев некоја година, и тој дел отсекогаш беше така замастен ама сега стана посериозен дефектот.
Ја однесов во Рено сервисот во битола и ги заменија гумичките на доводот и одводот на масло од неа, и чоекот ми рече имала и мала луфта на осовината, препоставувам го отворија цревото од усисот пошто кај издувот не беше гибана. И баш тука тој дел е замастен заедно со цревото наназад едно 10-тина см. (слики)
Колата не ми троши масло, и не чади назад, ништо не лупа, не свири од тубината, тера како што си тераше претходно, меѓутоа не треба да влегува масло во комората каде што се компресира воздухот, па да не ми направи некој ден „runaway“.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
...
...
...
Друже може од иберлауфот (кој е приклучен на усисот од турбото) да оди по малку масло и маслена пареа до турбото. Од ова мрси на турбото кај голем број постари дизели. Лек за ова (привремен за жал) е перење на сите црева и вентили асоцирани со иберлафуот со бензин и нивно чистење.
Мала луфта на турбото (лево десно) не е страшно. Аксијална (навнатре-нанадвор) луфта е лош знак и обично значи дека турбото е при крај.
Еден апдејт, го пратев некое време проблемот и утврдено е:
масло се акумулира на долната страна на цревото кај стегата од усисот, и од таа точка тука капи надолу;
извор: дефектно турбо или сепараторот за масло (дишникот) не затвора на буст.
Со оглед на капењето и траењето на проблемот, немам ниту чад ниту потрошувачка на масло нешто позначително,
па претпоставувам тоа што капи не е чисто масло туку мешавина од маслена пареа, вода и не знам шо ти хемикалии/гасови (тропам глупости можи).
Моторот е дизајниран без oil catch can, од „rocker cover-от“ излегува црево и оди во турбото преку еден сепаратор/ pcv вентил/ дишник. Благодарност до
@Johnny625 , се заинтересирав и ја научив и оваа работа, што мислев ја немав, a бев готов за вадење на турбо.
Па така од ибеј порачав нов дишник, 1800ден, го извадив цревото воздушно и го исчистив малку, мрсно беше до отворот на вентилот. Турбото на осовина нема никаква луфта или пак јас не прицнав доволно силно за да осетам. Во Ред ауто се соменвам дека го извадија воопшто цревото, пошто не беше ни најмалку забришано. Истото е малку цвикнато, па повторно ако капи ќе го заменам и него.
Времето ќе кажи...