Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1874303 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7995 на: 25 Јули 2017, 12:27:53 pm »
Многу пати е кажано за многу работи но се си е по старо.Утре одам да ги пријавам во комуналниот инспекторат за водата од климата и тоа што од нивната бања од некаде прокиснува на таванот од нашата бања и ќе барам физичка делба на имотот на дворна површина,подрумска просторија и таванска просторија.
Доста беше со кажување на мирен и културен начин,со тртеи и готованци нема разбирачка.
Ај пробај прво да отидеш во полиција и да му објасниш за тортурите, (конкретно тортурите), вербалните напади, навреди, објасни го и легенот со вода како напад и дека нема крај и побарај да го повикаат во станица и да му објаснат што е ајвар а што е сирење. Специфично да му потенцираат дека при секој нареден макар и најмал кикс, дека по повик ќе повикаш полиција и по направен записник ќе побараш да му се пише казна за нарушување на јавен ред и мир а по записник исто и ќе му поднесеш тужба за таму ред напади и повреди на дом, стрес, душевен бол и останато.

После полиција, инстантно оди одма кај комунален инспектор Јован.
Објасни се со него, ќе ти каже да поднесиш барање со такса 50 денари и ќе излезе на терен он. Земи му и број да го подсетуваш.

Прашај дали во катастар или урбанизам, каде треба да поднесеш барање за физичка делба.
Викни си приватен геодетски премер, нека измерат кое до каде е и потерај таа работа. Тука може пак да имаш ситуација со стрикото но ќе си повикаш полиција пак и ќе бараш изрично да му напишат пријава!
По премерот, одма ставај бетонски колци со сврдел длабоко и оградувај, ни милиметар во неговото. После дотерај процедура за упис на физичката делба со елаборатот од премерот.

После уписот, при најмала непријатност, повторно повикај полиција и постапи исто како по член 1 од постов :)

Не пропуштај шанса да го тужиш при најмала причина.
Без разлика на трошоците кои ќе си ги плати тој, нервие немаат цена.

Ако се во ова не вроди со плод, почнувај деструктивно, кофи уље, зелка расол да се расипе па на жешкото остави му ја отворена и остало...

И следно е ти лично да го фатиш и да слушаш како пукаат коски.

Последно е да си најдеш живеалиште и да отидеш долу ккај реката, евентуално во брушан маало и да викнеш, кој 30 души сакаат гратис да живеат средено, и ќе ти се јават 300 души и по интервју ќе одбереш 30 најбељаџии и ќе ги сместиш во твојот дел од куќата и ќе му кажиш. седете и лумпувајте што појако. Нив закон не ги јаде.

Кога ќе изумрат тие што ти пречеле таму во куќата, ќе избркаш тоа нинџите и си се враќаш.

Пријавено кај Комуналниот инспектор,кој воедно и мене а и на пријавените ни е и некој 3-4 братучед,поднесена е пријава за да излезе на терен,си направив и копија од пријавата.

Бев и до Полициската станица,од таму советуван ако има било каква реакција од пријавените веднаш да биде пријавено до нив повторно.Во архива имаат евиденција за предходниот напад кој може да се користи при приватна тужба.

Со другар мој кој е адвокат од утре ќе си се посоветувам што може друго да се направи.

Во тој спрат е фрлено над 7 000 евра во реновирање,во адаптирање со посебен влез,платено само 30 000ден. за нов струјомер и уште 20 000ден за делење на електричната инсталацијата плус за нов водомер,комплетно ново ВЦ,струган и лакиран паркет низ целиот спрат.Целото адаптирање е платено од наша страна,се со цел да можам да го издадам под кирија и не дозволувам некој да ми ги брка потенцијалните кираџии.Спратот е околу 85м2,на главна улица на 5мин од центарот на градот.


Фала Пират
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7996 на: 25 Јули 2017, 12:46:26 pm »
Маста ќе им ја вади на кирајџиите. Ќе ти симиња цена безвезе.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7997 на: 25 Јули 2017, 14:14:46 pm »
Ситуацијата кај пријавените е следна.Чичко ми на времето во деведесетите беше благајник на една голема фирма која пропадна и осуден е да плати оштета од околи 20 000 евра сегашни.Веќе 20 години нема ништо на негово име,ниту има трансакциска сметка ниту ништо,бидејќи ќе му го конфискуваат.Работи на црно но повеќе седи дома како тртеа.Ние во тие деведесети години си направивме нова куќа и од 92 сме иселени од таму.Кога дојде ред да се дели имотот дедо ми на татко му ја остави како наследство а чичко ми со некоја превара веднаш го префрли неговиот дел на син му.Можам да најдам начин и сето тоа префрлање да го пријавам и да му го оспорам,бидејќи со правосилна пресуда секој негов стекнат имот треба да се конфискува.Братуџед ми е тртеа на тртеите,маж од 30+години неможе да спечали за дрва,дедо ми му ги купува,како што му ја купи и климата.Неколку пати му имаат исклучено струја,дедо ми му ја плаќа,му има враќано кредит и што уште не.Работи во кладилница за 12000 ден.Тие мислеа дека куката ке остане нивна целата,откако почнавме да реновираме почнаа вие глупости.Од подрумските простории си запоседнаа 3/4 кои пробаа да ги земат но безуспешно и во секој момент можам да си го заградам.

Едноставно тие се голи мрзливи кучиња кои немаат да платат ниту за адвокат ниту за казна.А и дедо ми го исцицаа кој моментално нема пари ни за гробно место,татко ми треба да му го плати.

Само татко ми е многу мирен и во многу работи ме спречува да ги сторам.Да беше по мое до сега се ќе беше решено.
« Последно менување: 25 Јули 2017, 14:24:41 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7998 на: 25 Јули 2017, 14:26:36 pm »
И јас би ти кажал да си седиш мирен и да продолжиш по начинот на кој ти го опиша Пират. Повеќе не си ја греши душата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7999 на: 25 Јули 2017, 14:27:23 pm »
Ситуацијата кај пријавените е следна.Чичко ми на времето во деведесетите беше благајник на една голема фирма која пропадна и осуден е да плати оштета од околи 20 000 евра сегашни.Веќе 20 години нема ништо на негово име,ниту има трансакциска сметка ниту ништо,бидејќи ќе му го конфискуваат.Работи на црно но повеќе седи дома како тртеа.Ние во тие деведесети години си направивме нова куќа и од 92 сме иселени од таму.Кога дојде ред да се дели имотот дедо ми на татко му ја остави како наследство а чичко ми со некоја превара веднаш го префрли неговиот дел на син му.Можам да најдам начин и сето тоа префрлање да го пријавам и да му го оспорам,бидејќи со правосилна пресуда секој негов стекнат имот треба да се конфискува.Братуџед ми е тртеа на тртеите,маж од 30+години неможе да спечали за дрва,дедо ми му ги купува,како што му ја купи и климата.Неколку пати му имаат исклучено струја,дедо ми му ја плаќа,му има враќано кредит и што уште не.Работи во кладилница за 12000 ден.Тие мислеа дека куката ке остане нивна целата,откако почнавме да реновираме почнаа вие глупости.Од подрумските простории си запоседнаа 3/4 кои пробаа да ги земат но безуспешно и во секој момент можам да си го заградам.

Едноставно тие се голи мрзливи кучиња кои немаат да платат ниту за адвокат ниту за казна.А и дедо ми го исцицаа кој моментално нема пари ни за гробно место,татко ми треба да му го плати.

Само татко ми е многу мирен и во многу работи ме спречува да ги сторам.Да беше по мое до сега се ќе беше решено.
Eте каде лежел зајакот.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8000 на: 25 Јули 2017, 14:37:02 pm »
И едно нешто испуштив во тие деведесети чичко ми беше многу по коцкањето така и ја уништи фирмата каде работеше како благајник,а и братучед ми си го има тој порок,затоа и работи  кладилница.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8001 на: 25 Јули 2017, 14:48:40 pm »
Чим тебе ти се наредени коцките со труд на твоите и на татко ти, нема потреба од дополнителни проблеми и нервози. Гледај најкултурно што можеш да ги поебеш како што ти советуваа повеќето горе, редовни пријави, документација за истите и терај си. Они си имаат проблем со самите себе, одлично е што не живеете таму.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8002 на: 25 Јули 2017, 14:50:25 pm »
Дедо ти пола-пола ја поделил куќата?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8003 на: 25 Јули 2017, 14:58:31 pm »
Дедо ти е за ебење.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2208
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8004 на: 25 Јули 2017, 14:58:44 pm »
Во документите стои идеална половина од дворна површина,идеална половина од подрумски и тавански простории,прв спрат на татко ми,втор на чичко ми.

Пробано е да се измени документот пред некој месец но безуспешно од нивна страна,бидејќи стои дека имотот е даден на користење и владеење без право измени,кој и дедо ми сега не може да го измени,а пробано е .
« Последно менување: 25 Јули 2017, 15:04:37 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8005 на: 25 Јули 2017, 15:24:19 pm »
Секогаш старите се криви за сите имотни карања помеѓу браќа/сестри. Не разбирам како не сакаат сопствените деца да им живеат сложно!!

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8006 на: 25 Јули 2017, 15:27:34 pm »
Ги оставаат да се договорат за да се сложни ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8007 на: 25 Јули 2017, 15:31:46 pm »
Ги оставаат да се договорат за да се сложни ;D
Најпогрешен потег. Компромис е кога двете страни се подеднакво незадоволни.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10487
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8008 на: 25 Јули 2017, 15:34:20 pm »
Друга работа ај тебе ти е чичко, ама на татко ти му е брат. Не верувам дека му е сеедно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8009 на: 25 Јули 2017, 15:36:14 pm »
Веруј ми, увек се стига до „па преку к*р више“ ситуација.