Проблемот кај нас македонците е што очекуваме друг да ни мисли и да ни го нареди животот. Никој од горе споменативе примери не се освестил да почне да се оддели да си направи сам куќа, да има нешто свое за кое што утре никој нема да му одлучува и да му досаѓа. Голем дел од луѓето попрво би живееле во мизерија ама ќе одат на одмор и ќе прават чалам со гардероба/накит/тел/саат. Има милион примери каде што луѓе седат у Скопје и бараат донација за храна, а не го продаваат станот да отидат на село и да имаат живот и јадење. Маж според мене не е маж ако не може да и ги удоволи на жена сите потреби и ако во животот не изгради куќа (стан). Кој сум јас или брат ми да му праам притисок на татко ми да ми ја препише неговата куќа што ја правел он си знае како? Можеби тој човек сака пред крајот на животот да ја продаде и со мајками да си оди у дом, може сака со парите да одат у казино, на крузер, на стриптиз итн итн, негова си е. Што ако утре никој не го гледа, може ќе сака да ја препише на некој што ќе го исчува. Гледам горе некој ги нападна старите луѓе, биле вакви или такви, не бе, мудри се, гледаат со кој си имаат работа и затоа препишуваат или не препишуваат па оставаат очите да си ги вадат. Не вреди за нешто што се купува со пари да се скарам со брат или сестра, какви и да се, ако земале поголем дел нека земат, мене здравје нека ме служи ќе си спечалам, од моето никој не може да ми земе јас ако не му дадам.
Sent from my iPhone 7 using Tapatalk