Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2288412 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4095
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14265 на: 29 Јануари 2026, 15:32:09 pm »
Освен ако немаш каско за што ти треба полициски записник.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4213
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14266 на: 29 Јануари 2026, 15:47:17 pm »
Ако е во возна состојба мислам не треба полиција. Сеа ако удриш мечка веројатно нема да биди :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20335
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14267 на: 29 Јануари 2026, 19:36:41 pm »
Освен ако немаш каско за што ти треба полициски записник.

Може да се наплати од осигурителна за претрчано животно, штета од оштетен пат итн.

Ако е во возна состојба мислам не треба полиција. Сеа ако удриш мечка веројатно нема да биди :D

Меѓу две возила ако е мислам имаше препорака под одредена штета да се направи европски, но сепак подобро е полиција да се викне.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30448
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14268 на: 10 Февруари 2026, 16:52:01 pm »
„На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар“, информираат од Општината.

https://mkd.mk/makedonija/za-nepropisno-parkiranje-vo-centar-kje-se-plakja-kazna-od-50-evra/

Ај нека се изјасни некој адвокат ама... Мене ова ми е чудно. Смее општина сама да си дефинира казни за погрешно паркирање, итн?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14269 на: 10 Февруари 2026, 16:56:50 pm »
Во Германија може. Комшијата ми ја сликал колата каде тркалото беше само 1цм поткачено на тротоар пред куќа каде што живеам и на шофершајбна добив ливче дека ќе добијам казна, најдолу пишуваше општина ххх.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30448
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14270 на: 10 Февруари 2026, 16:59:46 pm »
А тоа е релевантно за Македонија бидејќииии....

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14271 на: 10 Февруари 2026, 17:03:29 pm »
Бидејќи го нарушуваш "комуналниот ред" според законот за комунални дејности, иако орган одговорен за закон за безбедност во сообраќајот (ЗБСП) е МВР.

Што би рекол AI:
Цитат
Законот за комунални дејности им дава право на општините да уредуваат како се користат јавните површини. Ако паркираш на зелена површина, тротоар кој не е обележан за паркинг или јавна површина која не е наменета за возила, ти не правиш само сообраќаен прекршок, туку го нарушуваш „комуналниот ред“

По кратко истражување видов дека тоа е утврдено со законот во член 12, 14, 43.

Едит:
Член 12, став 3
Цитат
отстранувањето на противправно поставени и оставени предмети
Член 12, став 4
Цитат
За спроведувањето на одлуката од ставот (2) на овој член општините,
општините во градот Скопје и градот Скопје назначуваат комунални редари. За
комунален редар се назначува лице со најмалку средно образование.
Член 12, став 6
Цитат
За констатираните неправилности при контролата комуналниот редар
составува записник и изрекува мандатна казна на самото место согласно со овој
закон и Законот за прекршоците.
Член 43
Цитат
Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на
физичко лице, во мандатна постапка, ако постапува спротивно на одредбите од
Одлуката за комунален ред.
« Последно менување: 10 Февруари 2026, 17:14:37 pm nestor04 »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30448
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14272 на: 10 Февруари 2026, 17:23:54 pm »
Епа затоа има конфликтни моменти. Може да те казни и МВР и општината.

Мислам, генерално, јас немам проблем со ова. Чак што више, мислам дека е добра работа. Само ми е нелогично, баш поради конфликтот. Ама вака барем општината ќе биде проактивна малку, ќе казнуваат за да земат пари.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2220
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14273 на: 10 Февруари 2026, 17:24:57 pm »
Епа затоа има конфликтни моменти. Може да те казни и МВР и општината.

Мислам, генерално, јас немам проблем со ова. Чак што више, мислам дека е добра работа. Само ми е нелогично, баш поради конфликтот. Ама вака барем општината ќе биде проактивна малку, ќе казнуваат за да земат пари.

Можат и тие и тие да те казнат и нема да биде противзаконско, затоа што технички прекршуваш 2 закони.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22241
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14274 на: 12 Февруари 2026, 13:58:05 pm »
ИНФОРМАЦИЈА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СООБРАЌАЈ  СО ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Член 297
(1) Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години и со парична казна.

(2) Тој што не се придржува кон прописите за безбедноста на автобуски, железнички, воздушен и бродски сообраќај, сообраќај на жичари или сообраќај со други средства за масовен јавен превоз и со тоа ќе предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имотот од значителен обем, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години и со парична казна. (3) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Член 297-а
(1) Учесник во јавниот сообраќај кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи со моторно возило со концентрација на алкохол во крвта над 1,5 г/кг во крвта, со употреба на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, возејќи во спротивна насока на јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени една од друга или на автопат, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 50 км на час во населено место или за најмалку 70 км на час надвор од населено место, ќе се казни со затвор од три месеци до три години и со парична казна.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член, ќе се казни и тој што организира, учествува или на друг начин овозможува недозволени трки со возила, како и учесник во јавниот сообраќај кој управува моторно возило без положен возачки испит, или доколку му е изречена санкција забрана на управување со моторно возило која е с уште важечка во моментот на сторување на делото или санкција престанок на важење на возачката дозвола, при што нема нова важечка дозвола.

Член 300
(1) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2, 298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 или некое лице е тешко телесно повредено или настапи имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години и со парична казна.

(2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2, 298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години и со парична казна. (3) Ако поради делото од членовите 297 став 3, 298 став 2 и 299 став 3 настапи тешка телесна повреда на некое лице или имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до три години. (4) Ако поради делото од членовите 297 став 3, 298 став 2 и 299 став 3 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.


Член 300-б
(1) Под условите определени со членот 100-а од овој законик, од сторителот ќе се одземе возилото со кое е сторено делото од членот 297 став (1), членот 297-а ставови (1) и (2) или од членот 300, кое е во сопственост на сторителот, доколку тој во моментот на сторување на делото немал право да управува со моторно возило.

 (2) Доколку возилото од ставот (1) на овој член е во сопственост на трето лице, ќе се одземе само доколку тоа лице знаело или било должно да знае дека сторителот немал право да управува со моторно возило.

(3) Под условите определени со членот 100-а од овој законик, од сторителот може да се одземе возилото со кое е сторено делото од членот 297 став (1), член 297-а ставови (1) и (2) или од членот 300 доколку возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место, кое е во сопственост на сторителот.

(4) Под условите определени со членот 100-а од овој законик, од сторителот ќе се одземе возилото со кое е сторено делото од членот 297 став (1), член 297-а ставови (1) и (2) или од членот 300, доколку возел со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место кое е во сопственост на сторителот, под услов тој и претходно да е осудуван за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај кое го сторил со надминување на дозволената брзина најмалку 70 км на час во населено место или за најмалку 90 км на час надвор од населено место.


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14275 на: 16 Февруари 2026, 17:05:23 pm »
Со повеќе од 8,7 милиони евра, градските камери за мерење на брзина собраа повеќе казни од кога било досега. Причината за ова се двете „ѕвезди што паѓаат“: Супер-трепкачите маскирани како приколки веќе донесоа само над два милиони евра. Сега градското собрание сака да добие и трет.


Gesamtbilanz 2025: Gut 8,7 Millionen Euro spülten die Blitzer in die Kasse - Rekord! Im Jahr 2024 waren es 7,7 Millionen Euro (inklusive Super-Blitzer, die zeitweise getestet wurden).


 Ова за Дрезден, добро е да се знај дека не сум сам  ;D Цела година без казна и на крај од Декември до Февруари хет-трик..

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14276 на: 17 Февруари 2026, 11:28:20 am »
Супер-трепкачите маскирани како приколки ? што е ова ?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15030
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14277 на: 17 Февруари 2026, 11:43:38 am »
Мобилна камера која ја оставаат покрај патот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14278 на: 17 Февруари 2026, 12:32:04 pm »
Во комбинација со Google translate  ;D Инаку Super Blitzer се вика гомното.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10608
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14279 на: 17 Февруари 2026, 13:23:26 pm »
i e na 5 metra posle znakot ? :D