До 140 Km/h просечна не прават Србите проблем. Претходно мереа просечна меѓу 2 рампи само, ама сконтаа дека многумина возат далеку над дозволеното, и застануваат на бензинска да земат кафе, вода, и дур платат, значително им ја намалува просечната, па почнаа и само на одредени делници да мерат просечна. Ако и понатака сакаш да возиш далеку над дозволеното, ке мора некако со GPS да ги внесеш отсечките каде што мерат, и да ти дава некое предупредување пред да се приближиш до истите.
Од она што го постирал Симо погоре, ако идеш до Београд и нагоре, до Ниш практично може комотно да газиш, под услов да не стојат со фиксен радар, како кај надвожњакот кај Прешево, па од тука нагоре, по знаци.