Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Сменет е и законто за камери, или нешто има променето во правилниците. Со последниов апдејт на колата, почна истава да ги чита знаците, пред тоа во МК кога влегував ми се исклучуваше таа функција. Така да пополека се спрема теренот за казни.
У Скопје, унифицираноста на 50 е тешка глупост. Треба да е различно. Булеварите да се 60 на пример а пред школо/градинка - 30. Со камериве и унифицираното 50, ќе се укочи и така укочениот скопски сообраќај. И можам да претпоставам дека бројот на сообраќајки и жртви нема да се смени.
Највеќе ќе помогне санкционирањето за црвено при блокирање на раскрсница, абе зелено ми е ќе поминам и дремат на сред раскрсница.Јас добив инфо во Скопје да внимавам веќе од 20.01, односно од Понеделник.
На законските измени се работи со полна пареа во Министерството за внатрешни работи. Експертската фела, професори по безбедност и сообраќај, началници, инспектори учествуваат во изработка на законот кој до март би требало да е готов. Откако ќе ги помине сите владини и собраниски процедури влегува во сила.
Цитат: Sase_91 на 15 Јануари 2025, 14:59:40 pmСменет е и законто за камери, или нешто има променето во правилниците. Со последниов апдејт на колата, почна истава да ги чита знаците, пред тоа во МК кога влегував ми се исклучуваше таа функција. Така да пополека се спрема теренот за казни.Мене тоа ми го искодираа во РеДрајв кога активирав Карплеј.Е сеа дали било легално или не, не знам.