Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1873726 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3873
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13560 на: 15 Јануари 2025, 14:59:40 pm »
Сменет е и законто за камери, или нешто има променето во правилниците. Со последниов апдејт на колата, почна истава да ги чита знаците, пред тоа во МК кога влегував ми се исклучуваше таа функција. Така да пополека се спрема теренот за казни.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13561 на: 15 Јануари 2025, 15:06:12 pm »
Да се воведе ред барем на жуто црвено на семафори да не се поминува ќе биде добро

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1101
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13562 на: 15 Јануари 2025, 15:15:58 pm »
Сменет е и законто за камери, или нешто има променето во правилниците. Со последниов апдејт на колата, почна истава да ги чита знаците, пред тоа во МК кога влегував ми се исклучуваше таа функција. Така да пополека се спрема теренот за казни.

Мене тоа ми го искодираа во РеДрајв кога активирав Карплеј.

Е сеа дали било легално или не, не знам.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13563 на: 15 Јануари 2025, 18:11:03 pm »
Кодиакот викендов ме предупреди неколку пати кога се наближував до камери.

Колку што знам, законот сè уште не е сменет, ама ете, почнале да прибираат контакт-информации.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1326
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13564 на: 15 Јануари 2025, 18:20:20 pm »
У Скопје, унифицираноста на 50 е тешка глупост. Треба да е различно. Булеварите да се 60 на пример а пред школо/градинка - 30.
Со камериве и унифицираното 50, ќе се укочи и така укочениот скопски сообраќај. И можам да претпоставам дека бројот на сообраќајки и жртви нема да се смени.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13565 на: 15 Јануари 2025, 18:50:32 pm »
За гужви најголем проблем е поминување на црвено и блокирање крстосници.

За сообраќајки и брзината и поминувањето на фрвено се проблем.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43786
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13566 на: 15 Јануари 2025, 18:51:19 pm »
У Скопје, унифицираноста на 50 е тешка глупост. Треба да е различно. Булеварите да се 60 на пример а пред школо/градинка - 30.
Со камериве и унифицираното 50, ќе се укочи и така укочениот скопски сообраќај. И можам да претпоставам дека бројот на сообраќајки и жртви нема да се смени.
Секако дека нема да се смени бројот на сообраќајки и жртви. Системот е наменет за казнување, а не за превенција. За превенција се превземаат други мерки, како што е градење на побезбедна инфраструктура, осветлување на пешачки премини, подобра сигнализација како хоризонтална и вертикалана, креирање прегледни раскрсници итн... 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13567 на: 15 Јануари 2025, 19:10:09 pm »
Неможиш мозок да му дајш на луѓето, џабе е се, ко се глуперди кои незнаат да возат.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17560
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13568 на: 15 Јануари 2025, 19:40:05 pm »
Најголемите булевари во Скопје се градени со автопатска ширина на ленти од 3.5 метри, и тоа е воедно главниот проблем зошто си земаме слобода да возиме побрзо.

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3523
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13569 на: 15 Јануари 2025, 19:47:29 pm »
Највеќе ќе помогне санкционирањето за црвено при блокирање на раскрсница, абе зелено ми е ќе поминам и дремат на сред раскрсница.
Јас добив инфо во Скопје да внимавам веќе од 20.01, односно од Понеделник.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13570 на: 15 Јануари 2025, 19:54:10 pm »
Дај повеќе инфо за од понеделник, што-како?

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3523
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13571 на: 15 Јануари 2025, 20:19:44 pm »
Па демек ќе ги активирале веќе инсталираните низ Скопје и дека по адресата и сопственикот на кој што се води возилото ќе праќале казни, ама не знаеше да ми каже повеќе.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7416
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13572 на: 15 Јануари 2025, 20:38:52 pm »
Највеќе ќе помогне санкционирањето за црвено при блокирање на раскрсница, абе зелено ми е ќе поминам и дремат на сред раскрсница.
Јас добив инфо во Скопје да внимавам веќе од 20.01, односно од Понеделник.

Нема шанси. Можеби летово да профункционираат како што треба.

Еве цитат од началник на Свр-Скопје, вчера гостувал на некоја ТВ програма:

Цитат
На законските измени се работи со полна пареа во Министерството за внатрешни работи. Експертската фела, професори по безбедност и сообраќај, началници, инспектори учествуваат во изработка на законот кој до март би требало да е готов. Откако ќе ги помине сите владини и собраниски процедури влегува во сила.

Значи законот за камериве уште е во процес на изработка. После да помине собрание-влада, да се објави во службен весник, е тек после тоа ќе функционира системот за казнување со камерите.

https://skopje1.mk/archives/319765


Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3523
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13573 на: 15 Јануари 2025, 20:52:10 pm »
Ништо чудо и да е рекла-казала, бубачка намерно пуштена…

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3873
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13574 на: 15 Јануари 2025, 21:04:54 pm »
Сменет е и законто за камери, или нешто има променето во правилниците. Со последниов апдејт на колата, почна истава да ги чита знаците, пред тоа во МК кога влегував ми се исклучуваше таа функција. Така да пополека се спрема теренот за казни.

Мене тоа ми го искодираа во РеДрајв кога активирав Карплеј.

Е сеа дали било легално или не, не знам.

До пред некое време не беше во Македонија. Јас на пример кога ја симнував колата, до Србија ми работеше тоа. Само што поминав на Хоргош, одма се исклучи. Пред неколку дена бев во М-Кар на сервис, ми направија и апдејт на софтвер и кога тргнав од таму приметив дека работи.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA