Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1821585 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2701
  • Слобода или смрт
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13440 на: 19 Август 2024, 11:56:48 am »
Пред неколку години имаше случај во штип кога вака при пристигање тргнуваат да си ги мерат и од другата страна наидуваат пензионери маж и жена со југо и ги убиваат. Ги судеа и двајцата и тој што престигал и другиов.

Баш сега прокопав.
Прво обвинетиот кој директно се судрил престигајќи признал вина и добил казна од 5 години.
Второ обвинетиот не признал вина и добил казна од 4.5 години.

Така да нестор ете ти референтна точка да имаш идеја што ти се зборува.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13441 на: 19 Август 2024, 19:03:51 pm »
Барем нешто добиле. А енглезот со поршето што ги уби двајцата го пуштија дома да си оди.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
    • MVP Ring
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13442 на: 19 Август 2024, 19:26:21 pm »
Јас сметам дека мојата постапка е правилна. И јас сум возел брзо низ град, се пуштив со друга астра, имаше кола пред мене, не сакаше да ме пушти, закочив, си влегов зад него и тука престана сѐ.

А тој као морал да престигне? Не. А лигле на мама и тато што вози 120 низ град со кола купена 30к евра на кредит (1 месец живее во ДЕ) и кога го запираат излегува со телефон во рака (бара пријатели) мочај се во него.

Инаку се работи за улица со 4 ленти (по 2 од страна), тој влезе дури во трета лента, епа баце така оди во Германија прави. Баш после мене тргна од Лукоил до скоро до кружниот (поназад беше запрен) сите коли ги престигна.
Твојата постапка не само што не е правилна, туку е и по опасна од неговата.

Ти дал знак дека ке те претица со аблендирање, и ти намерно забрзуваш? И него и сам се редиш во опасност, плус уште некој ако иде од спротива.



Sent from my A001LG using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5708
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13443 на: 19 Август 2024, 19:31:05 pm »
Двете ленти од спротивен правец беа преполни, се тргаа колите ама веќе немаше каде. Добро е што имаше полиција и запре навреме. Да бевме на отворено нормално ќе намалев. Вчера се враќав од Битола и една слична таква будала не беше доволно брз а не престигна скоро сите, но тој пред мене не успеа. Морав да кочам нагло за да влезе пред мене...

Најчесто на отворено при непромислени потези им давам лев жмигавец сѐ до местото каде што е безбедно да ме престигне. Тогаш веќе добива десен жмигавец и намалување на брзината (ако е 80 дозволено до кај 60) и безбедно ќе ме престигне.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29603
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13444 на: 19 Август 2024, 19:39:09 pm »
Уствари, сакаше да кажеш „во право сте дечки, ептен погрешно изреагирав и гледам како сум се донел во ризик самиот себеси и еден куп други учесници во сообраќајот околу мене. Нема оправдување за моите постапки, ќе внимавам повеќе во иднина.“

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6679
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13445 на: 19 Август 2024, 21:06:12 pm »
Во северна никој не држи растојание. Златното правило е 2-3 секунди или минимум 50м. Најмногу ме нервира кога некој копук мисли дека за него го оставам па прави 300 ризици за да биде само едно возило понапред.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13446 на: 19 Август 2024, 21:58:27 pm »
Јас само би додал дека при такви моменти може да се погоди некој кој при инатење од другата страна ќе ти пресече пат, извади пиштол итн.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13447 на: 19 Август 2024, 22:02:48 pm »
Во врска со казните, што е различно од порано ?

Јас како што знаев, до сега за 30+ следува одземање на возачка.
Сега возачка се одзема за 50+

Дали добро разбрав ?



Или од друга гледна точка, на автопат е дозволено 120. До колку можам да возам за и да ме казнат да поминам само со плаќање на казна БЕЗ да ми ја одземат возачката ?

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3723
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13448 на: 19 Август 2024, 22:06:09 pm »


169kмч ќе поминиш со 22е ако платиш одма.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13449 на: 19 Август 2024, 22:08:56 pm »
Во врска со казните, што е различно од порано ?

Јас како што знаев, до сега за 30+ следува одземање на возачка.
Сега возачка се одзема за 50+

Дали добро разбрав ?

Или од друга гледна точка, на автопат е дозволено 120. До колку можам да возам за и да ме казнат да поминам само со плаќање на казна БЕЗ да ми ја одземат возачката ?

На автопат се зема возачка за +50 од дозволено, 
во населено место се зема возачка за +30 од дозволено.




Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5708
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13450 на: 19 Август 2024, 22:12:00 pm »
Во врска со казните, што е различно од порано ?

Јас како што знаев, до сега за 30+ следува одземање на возачка.
Сега возачка се одзема за 50+

Дали добро разбрав ?



Или од друга гледна точка, на автопат е дозволено 120. До колку можам да возам за и да ме казнат да поминам само со плаќање на казна БЕЗ да ми ја одземат возачката ?
До 170, член 36 став 5. Казната е 45€ - попуст 50% ако ја платиш во рок од 8 дена.

Едит: Дали за Грција важи ова и за во град и за на автопат?
До +20 км/ч. = над 40€ (или 100?)
Од +20 до +30 км/ч. = над 50€ (или 300€?
+30 км/ч. =175€ и одземање на возачката дозвола 2 месеци (или 350€?)

Кое е точно бидејќи секој податок на интернет е различен?
« Последно менување: 19 Август 2024, 22:21:08 pm nestor04 »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13451 на: 19 Август 2024, 22:31:22 pm »
Да зошто сестра му...ај ќе го прекинам тука муабетот.

Ај што ќе прекинеш, ќе прекинеш. Него дали ја научи лекцијата и си вети себе си дека нема да се повтори?

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 674
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13452 на: 19 Август 2024, 22:32:43 pm »
Фала за појаснувањето.
После 2 забрани, битно ми е да знам :)

Јас се водам по ова правило на толеранција од +15
Ако е дозволено на автопат 120, јас темпомат местам на 136.
Во град, ако е дозволено 40, јас возам до 55.
Многу пати ме има фатено радар, и никогаш не ме сопреле.

Ама кај и да е ке земам кола со соодветен мотор, и ке сакам да нагазам, само битно им е да сум испод забрана.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13453 на: 19 Август 2024, 23:43:00 pm »
Ама кај и да е ке земам кола со соодветен мотор, и ке сакам да нагазам, само битно им е да сум испод забрана.

Ќе си појдеш на Нордшлаифе и ќе си под забрана. Тука на улица јок.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3806
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13454 на: 19 Август 2024, 23:44:30 pm »
Во северна никој не држи растојание. Златното правило е 2-3 секунди или минимум 50м. Најмногу ме нервира кога некој копук мисли дека за него го оставам па прави 300 ризици за да биде само едно возило понапред.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Или кола со 300кс мин за да можеш да ги престигнуваш побрзо и побезбедно бесните коли со 1.4 НА мотори што се тркаат низ патиштата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA