Не да не ти е правилна постапката, туку ти е ризична и опасна. Прво и основно, забрзуваш додека некој те претекнува. Тоа е забрането со закон. Да, дури и на полна линија. Понатаму, со тоа што си забрзал од 50 до 80, си го натерал тој што претекнува да забрза до 120, со што се внесува уште поголем ризик и бетер небезбедност во сообраќајот. Си го натерал тој што се однесува небезбедно да се однесува уште понебезбедно. Подолго да вози побрзо во спротивна лента. Го разбираш тоа?
Инаку, ќе те претекнел со 60-70-80, и во несакана ситуација ќе можел да закочи до 0 за (околу, да речеме) 50-тина-метри. Од 120 кочењето до 0 е повеќе од 100 метри. Дупло.
Дали тој бил лигле или не, дали тој морал да престигне или не, дали возел така во Германија или не, дали колата му е на кредит или не... Сето тоа не е твоја работа. Не си џандар па да регулираш сообраќај. Ако некој сака да се убие, остави го да се убие. Ти (свесно или несвесно) експоненцијално си зголемил небезбедност во сообраќајот, само поради твоето его и ништо повеќе.