Искрено заслужува да биде гонет дур е жив, никаков интерес немаше за мене иако можеше да ме убие на лице место, бидејки влезе во мојата лента и беше директен судир,дојде еднаш во болница за да се расправа со мене, и еднаш ми се јави исто се правеше паметен и дрзок. Во сите околности е виновен бидејки и не закочи, само помина преку мене, но сеуште чекам записник од полицијата кој знае што там се правиле ми изгледаше дека има врски…
Покрај тоа ми уништи два дена старо скутерче, само не ми е сеуште јасно дали го губам правото за надомест од осигурувањето негово ако го тужам приватно…
ПС: додека пишував излезе втор одговор ќе се надополнам, адвокатот тврди дека најдобро е да го тужам приватно, но не кажа зошто. Искрено и јас не сакам да одам по судови не сум бил никогаш а знам дека таму може да ми се одземе добар дел од животот…