Можам да одам во станица и да проверам дали имам некоја казна?
Ме застанаа, поминав на жолто светло и реално згрешив.
Позборевме некоја минута некако ме пуштија, ама пак неверно ми е.
Вака барем да знам да си ја платм на 50% доколку решиле да ме зафркнат.
Кого казниле бе за поминување на жолто дај не заебавај.
Си поминал на црвено и без било каква фиктивна казна макар и за појас не поминуваш. Кажи ај што се десило.
Цитирам муабет: "Поминавте на жолто, ама ако пишам јас жолто на суд го рачунаат како црвено и ќе ти ја земат возачката"
И тука му улетуеш со клизачи - нема одземање на возачка за црвено свелто:
Член 43
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале да го преминуваат коловозот.
(2) Жолтото светло запалено истовремено со црвеното светло, служи за предупредување на учесниците во сообраќајот за блиското престанување на забраната на минување и за појавата на зелено светло.
(3) Жолтото трепкаво светло ги обврзува сите учесници во сообраќајот да се движат со зголемена претпазливост.
(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците во сообраќајот за блиското престанување на слободното минување и за појавата на жолто, односно црвено светло.
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. (6) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност, согласно со одредбите од овој закон, ќе му се издаде на пешак кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.