Вчера си дојдов во Македонија,денес два пати ме застануваат младиве троа припрости со 5к евра примени во МВР.
Првиот пат ме застанува ми бара документи,му давам возачка(ДЕ) и сообраќајна од скутерот.Ја гледа и ми вика другар истечена ти е возачката во април оваа година,јас се смеам и му викам како истечена,во април е извадена.Пак ја гледа ја врти и ми вика,да не сум видел добро до 2038 ти важи.
Пред половина час ме застанува една млада,мислиш господ за мадиња го држе и му го шмука манкалото,ни добро вечер,ни здраво,само рече документи,и давам документи,возачката ја гледа ја врте па го викна колегата и двајцата гледат и се враќа ама ниту повели,ми ги подава како да и должам пари,арогантно однесување.
Во Де за 8 месеци и некои си 4-5000км ниту еднаш ме нема застанато џандар,тука за еден ден и поминати 20км два пати.
Периодот е таков, и кај мене у Арачиново заострија со контролите. Изгледа ради гастербајтериве, ама на секои 300м има контрола, само фрчат казни за кацига, истечена регистрација и појас, не искинаа.
И кај брат ми у Грчец почнале да им проверуваат длабина на шари на гуми и прва помош. Него му пишале 20 еур за немање јаже за влечење и резервни сијалички... луда работа.