А ако ти кажам дека радарите во Германија сликале ако возиш 51 км/ч, тоа фер е ? Немам лично искуство, ама така ми кажаја...нека кажат постарите аусландери во Германија 
Ама така може, за сите да биде исто - и секогаш без исклучок да се казнуваат прекршоците.
Гледаш, така ќе се подобри безбедноста. Но овде со спорадично казнување и со „повикај пријател“, не се подобрува безбедноста.
Книшките со поени беа еден (веројатно и единствен) добар законски акт во последно време. Затоа што им „простуваа“ ретки грешки на некој што ретко прекршува закони... Поените не им вршеа работа на тие што секојдневно се ку*чат во сообраќај, таквите ќе ги наполнат книшките за кратко време. Ама ним не им треба систем со поени, затоа што имаат систем со врски и „повикај пријател“.
Затоа таков систем како во Германија, со автоматско казнување, би бил идеален за овде... И затоа никогаш нема да го имплементираат нашиве клептократи.