Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1874119 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5886
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11580 на: 11 Февруари 2021, 18:10:41 pm »
Пробав и јас така ама не биваше 😃.
Ми излезе дека во следниве 23 часа е полно 😁

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6167
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11581 на: 11 Февруари 2021, 18:12:37 pm »
Јас денес бев,викат само со термин.
Одма закажав за утре па ќе видам шо че напраам 😁

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

Немаше термин за денес? Јас полани си резервирав чекајќи во ходник, имаше термин за 15 минути...

Од скоро од исти ден за исти ден не можеш да закажеш. Go figure.

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11582 на: 11 Февруари 2021, 18:40:17 pm »
На 19 август 2019 се враќам од одмор, ме застануваат со радар на Партизанска, 81 км/ч ... ок, не сум светица, признавам дека +31 возев од ограничувањето, не ја осетив брзината бидејќи претходно на автопат и се занесов, ај така да речам, и не ни осетив дека возам 81, ми делуваше поспоро.

Ме застануваат, гледам на радарот 81 км/ч., ок, го пополнив тој листот, се потпишав, ми викаат сакаш глоба или казнени поени?
Немав никакви казнани поени, односно 0, и си избрав нормално казнени, ми пишаа 50 казнени, бидејќи до +30 над ограничување беше 25 казнени, а јас бидејќи возев +31 од ограничувањето, за само + 1 км, ми пишаа 50.
Ок, не се бунам.
Потоа си отидов во уредно предвидениот рок од 8 дена (ми се чини) и ми ги впишаа 50-те казнени поени во книшката, и завршена прича (не, сум се излажала, не била завршена прича, иако тогаш така мислев).
И од тогаш наваму, немам никаков прекршок.
Потоа некаде октомври или ноември 2019, ги укинаа книшките за казнени поени.

Е сега, што се дешава.
Вчера ми стигнува покана за на суд, прекршочна, и да одам наредниот ден на суд (денес) да подигнам некое плико.
Ок, одам денес, викам што е работата?
И ми даваат 2 листа, во кои што пишува дека во април треба да одам на суд на сослушување, поради одземање на возачка дозвола од 3 - 12 месеци, зависно како ќе одреди судот, заради прекорачување на брзината од над 30 км. на час, односно заради само 1 километарче што возев + 31, односно 81 км/ч.

Е сега имам прашање, како е можно ова, кога ми впишаа казнени поени и никој ништо не ми спомна за одземање на возачката, и дали законот во 2019 август предвидуваше одземање на возачка дозвола ако возиш над 30 км/ч. (односно во мојот случај + 31 км/ч.).
Ќе се консултирам секако и со адвокат на ова поле, и ќе одам со адвокат ако е потребно.
Ова е брука невидена, дур летаат со по 200 на час. за Тик Ток видеа и на никој не му чуе, се фаќаат за некој си што возел само + 1 км. повеќе.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11583 на: 11 Февруари 2021, 18:45:00 pm »
Да, секако, во град казната за возење 30+ над дозволеното е (или беше, не сум 100% сигурен) 300 евра (или соодветен број казнени поени кога можеше казнени поени) и одземање возачка од 3-12 месеци.

Тоа што други летаат со по 200 на саат, не значи дека ти (или јас, или било кој друг) не треба да бидеш казнета. Си возела брзо, те фатиле, те казниле. As simple as that.

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11584 на: 11 Февруари 2021, 18:50:38 pm »
Не се споредувам со други секако, тоест дека не треба да бидам казнета, макар и ете у мојов случај за + 1 км/ч., туку ми е чудно зашто никој ништо не ми спомна за одземање на возачка дозвола тогаш, туку прашаа само глоба или казнени поени.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11585 на: 11 Февруари 2021, 18:53:25 pm »
Си имало член во тогашниот закон, казна од 300 еур или поени.
Потоа додатно пишува дека се одзима возачка




На суд биди културна, објасни на судијата дека не било намерно, автопат, си се подзаборавила, не дека возиш брзо, си ја признала вината што одма си ја прифатила казната.
Кажи дека ти зависи работата од возачката, можеби ќе биде судијата на твоја страна, макар и да изрече забрана а да не биде 3 месеца, ете месец дена итн.



Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11586 на: 11 Февруари 2021, 19:23:53 pm »
Да бидеме реални. Не си возела +1км туку плус +31км од дозволеното. Добро ти пишал ФиЛо, послушај го.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6167
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11587 на: 11 Февруари 2021, 19:25:28 pm »
На 19 август 2019 се враќам од одмор, ме застануваат со радар на Партизанска, 81 км/ч ... ок, не сум светица, признавам дека +31 возев од ограничувањето, не ја осетив брзината бидејќи претходно на автопат и се занесов, ај така да речам, и не ни осетив дека возам 81, ми делуваше поспоро.

Ме застануваат, гледам на радарот 81 км/ч., ок, го пополнив тој листот, се потпишав, ми викаат сакаш глоба или казнени поени?
Немав никакви казнани поени, односно 0, и си избрав нормално казнени, ми пишаа 50 казнени, бидејќи до +30 над ограничување беше 25 казнени, а јас бидејќи возев +31 од ограничувањето, за само + 1 км, ми пишаа 50.
Ок, не се бунам.
Потоа си отидов во уредно предвидениот рок од 8 дена (ми се чини) и ми ги впишаа 50-те казнени поени во книшката, и завршена прича (не, сум се излажала, не била завршена прича, иако тогаш така мислев).
И од тогаш наваму, немам никаков прекршок.
Потоа некаде октомври или ноември 2019, ги укинаа книшките за казнени поени.

Е сега, што се дешава.
Вчера ми стигнува покана за на суд, прекршочна, и да одам наредниот ден на суд (денес) да подигнам некое плико.
Ок, одам денес, викам што е работата?
И ми даваат 2 листа, во кои што пишува дека во април треба да одам на суд на сослушување, поради одземање на возачка дозвола од 3 - 12 месеци, зависно како ќе одреди судот, заради прекорачување на брзината од над 30 км. на час, односно заради само 1 километарче што возев + 31, односно 81 км/ч.

Е сега имам прашање, како е можно ова, кога ми впишаа казнени поени и никој ништо не ми спомна за одземање на возачката, и дали законот во 2019 август предвидуваше одземање на возачка дозвола ако возиш над 30 км/ч. (односно во мојот случај + 31 км/ч.).
Ќе се консултирам секако и со адвокат на ова поле, и ќе одам со адвокат ако е потребно.
Ова е брука невидена, дур летаат со по 200 на час. за Тик Ток видеа и на никој не му чуе, се фаќаат за некој си што возел само + 1 км. повеќе.


Поени плус одземање.

Не ти бега.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4006
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11588 на: 11 Февруари 2021, 19:37:57 pm »
Освен ко и за се останато во државава ...врски :) sad but true..
New blood of old school

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11589 на: 11 Февруари 2021, 19:52:36 pm »
Купи си скутер за летово додека ти ја земат 3 месеци.


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11590 на: 11 Февруари 2021, 20:14:00 pm »
3 месеци најмалку ќе ти ја земат, заслужено  :D Џабе се лутиш, тоа е. И јас имав "само" 0.57 алкохол и им ја иставив 3 месеци на чување возачката  :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5297
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11591 на: 11 Февруари 2021, 20:23:18 pm »
Не се споредувам со други секако, тоест дека не треба да бидам казнета, макар и ете у мојов случај за + 1 км/ч., туку ми е чудно зашто никој ништо не ми спомна за одземање на возачка дозвола тогаш, туку прашаа само глоба или казнени поени.
Наравоучение: На џандар никогаш не признавај ништо, освен ако не ти направи отстапка. Да ти пишел 79, ОК. Едноставно ќе изгубиш некој ден на суд, и нормален судија ќе се согласи дека ~1-5 километри се во маргина на грешка на опремата, и ќе те казни по пониската тарифа.

Најчесто самиот џандар ќе понуди отстапка ако не соработуваш, не сака ни тој да се влечка по судови.
Системот е страње, џабе е да бидеш фер кога фер никогаш нема да добиеш за возврат, ниту па безбедност ќе се добие од оваков систем. Зошто тогаш ти да го јадеш? Памет за следен пат (но не само непризнавање на џандари туку и пазење на прописи, не постојат ни тие за џабе).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11592 на: 11 Февруари 2021, 20:30:50 pm »
Колешкава ја застанале и и пишале казна за немање на зимска опрема. И се согласила да плати веднаш преку терминал за плаќање со картичка и платила.

Прв пат слушам дека полицаец може да наплати со картичка казна.

После ова треба ли нешто да прави или платено е завршена работа?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11593 на: 11 Февруари 2021, 20:31:09 pm »
А ако ти кажам дека радарите во Германија сликале ако возиш 51 км/ч, тоа фер е ? Немам лично искуство, ама така ми кажаја...нека кажат постарите аусландери во Германија   :)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43790
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #11594 на: 11 Февруари 2021, 20:49:01 pm »
А ако ти кажам дека радарите во Германија сликале ако возиш 51 км/ч, тоа фер е ? Немам лично искуство, ама така ми кажаја...нека кажат постарите аусландери во Германија   :)
Ако не се лажам, има 10% толеранција. Така да треба 56 да возиш, за да те казнат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.