На 19 август 2019 се враќам од одмор, ме застануваат со радар на Партизанска, 81 км/ч ... ок, не сум светица, признавам дека +31 возев од ограничувањето, не ја осетив брзината бидејќи претходно на автопат и се занесов, ај така да речам, и не ни осетив дека возам 81, ми делуваше поспоро.
Ме застануваат, гледам на радарот 81 км/ч., ок, го пополнив тој листот, се потпишав, ми викаат сакаш глоба или казнени поени?
Немав никакви казнани поени, односно 0, и си избрав нормално казнени, ми пишаа 50 казнени, бидејќи до +30 над ограничување беше 25 казнени, а јас бидејќи возев +31 од ограничувањето, за само + 1 км, ми пишаа 50.
Ок, не се бунам.
Потоа си отидов во уредно предвидениот рок од 8 дена (ми се чини) и ми ги впишаа 50-те казнени поени во книшката, и завршена прича (не, сум се излажала, не била завршена прича, иако тогаш така мислев).
И од тогаш наваму, немам никаков прекршок.
Потоа некаде октомври или ноември 2019, ги укинаа книшките за казнени поени.
Е сега, што се дешава.
Вчера ми стигнува покана за на суд, прекршочна, и да одам наредниот ден на суд (денес) да подигнам некое плико.
Ок, одам денес, викам што е работата?
И ми даваат 2 листа, во кои што пишува дека во април треба да одам на суд на сослушување, поради одземање на возачка дозвола од 3 - 12 месеци, зависно како ќе одреди судот, заради прекорачување на брзината од над 30 км. на час, односно заради само 1 километарче што возев + 31, односно 81 км/ч.
Е сега имам прашање, како е можно ова, кога ми впишаа казнени поени и никој ништо не ми спомна за одземање на возачката, и дали законот во 2019 август предвидуваше одземање на возачка дозвола ако возиш над 30 км/ч. (односно во мојот случај + 31 км/ч.).
Ќе се консултирам секако и со адвокат на ова поле, и ќе одам со адвокат ако е потребно.
Ова е брука невидена, дур летаат со по 200 на час. за Тик Ток видеа и на никој не му чуе, се фаќаат за некој си што возел само + 1 км. повеќе.