Тој што не плаќа дали 1,000ден или 12,000ден е казната не му менува, ич нема да плати, исти врски се фаќаат.
Паркинг 50 денари не плаќа, не па казна...
Така е, ама и не е така. Особено ако казнувањето стане правило, а не „ударна акција“.
Кога ќе ти дојде 12.000 казна, а тебе платата ти е (измислувам) 20.000 денари, ќе молиш, ќе бркаш врски, ќе правиш све што можеш. Ама ако ти дојде казна од 1000 денари, ваљда срам ќе ти биде да бркаш врски, па ќе си платиш. Барем јас така некако ги есапам работите...
Две-три такви казни, па ќе се опаметиш.
Повторно ќе речам, кај нас и пристапот на полицијата е погрешен (да казни, наместо да едуцира и смени навики кај возачите) и казните се превисоки, па трзаме кон фаќање врски.
Плус, одземањето возачка по три месеци и повеќе е контра-продуктивно. Луѓе губат работа поради тоа, а тоа не е поентата. Па возат без возачка, па ово-оно...