Како што секоја посета до Прилеп ми е патешествие, дали за влакно сообраќајка, дали некоја слична перипетија, така и оваа.
Го правеле автопатот кон Велес и на еден дел после Петровец, се исклучуваш од автопатот, вртиш на една дупла chicane, возиш во спротивна насока, уште една дупла и се приклучуваш кај мостот кај Окта Катлановско.
Баш тука кај мостот завршуваат сите ограничувања од претходно, ама тука си стојат и милицајци. Како што сум баксуз знаев дека ќе го јадам.
Добар ден добар ден, сообраќајна и возачка.
Повелете и книшка внатре и лична карта и ВЕРНА картичка и све.
Ме прашуваше зошто ми се негативните поени во книшката, дали имам забрана за движење, му падна палката и сообраќајната на асфалт и ме пушти да одам, ајт