Возачката култура нема да се смени со криј се по ќошиња и лупај казни - пуни буџет. Треба озбилно да си ја сфатат работата властите. Да инвестираат во авотматски системи за казнување на тие што поминуваат на црвено и прават груби прекршоци во град. Да му стигаат казни на невоспитаниот СЕКОГАШ кога ќе направи прекршок, а не рандом еднаш у 2 години, од кроучинг тајгер хиден џандар. И се додека постојат начини да се избегнат казни (пријател началник, другар судија и сл), секогаш кога ќе те казнат, ќе се осеќаш дека си неправедно казнет, затоа што некој (а ти мислиш повеќето), се измкнале без казна.