Момци,
Сообраќајните правила, ограничувањата треба да се почитуваат без изговор. И кога нема џандари тоа да го проверат.
Тука е суштинскиот мајндфак кој што го имаме како нација. Сите сакаат правда, средена држава, висок стандард, ама никој не сака да се откаже од себичноста, алчноста, простаклукот.
Сите сакаат "џандарите да љуштат и казнуваат" ама јас кога ќе цепам 180 на автопат нека не ме фатат.
На "запад" улиците се чисти затоа што НИКОЈ НЕ ФРЛА ЃУБРЕ по нив, а не затоа што има служби некој да ги чисти.
Кај нас се фрла ѓубре по улица затоа што "има платени за тоа нека чистат".
Не треба сообраќаен знак да ти каже дека 50 треба да возиш во град, треба да чувствуваш одговорност дека тоа е правилно и да имаш општествена свест.
За жал луѓето кои што живеат на ова парче земја се убер затуцани, егоисти, експерти - шупаци, никогаш нема да имаме општество во кое ќе има основна етика и морал.
За подобро утре, прво треба да бидеме сите подобри луѓе. А за да имаме општество кое што е средено, секој треба да почне да се менува индивидуално.
Се додека не го сватиме тоа и не почнеме да го практикуваме ќе си бидеме најголемата депонија, најпростата нација, и нај непосакуваното место за живеење.
Политиката нема врска со ова, воопшто. Ако секој од нас не е човек кој води сметка за себе и околината, било кој шупак да дојде на власт, ќе бидеме тоа што сме сега.
Ако се согласуваш со горе искажаното пиши Амин под постов.