Купувај бензинец. Ем нема ДПФ ем поевтино за возење, ем поубаво.
Имаат ГПФ новите бензинци
Иначе ако немате 18-19 години, срамота е да ставате слики со колку ве фатиле. Ако сте тука некаде со годините, тогаш гледајте да ги пројдете лудите години без да се утепате себе и секако некој недужен.
Не разбираш ти, јебеш 400 еур кога цел град ќе те збори колку си најбрз....
Педерски е што во државава одзимањето возачки многу пати не важи, а казната не носи никаков резултат и поука кај прекршителот. Колата и казната не се мои туку на мој другар, сликите не се ставени за фалба и чалам, ставени се за памет и пример. Ако има некој план да вози брзо, треба да ги знае најмалите и најефтини и безболни последици како оваа на сликата.. радар, казна итн... Има многу поскапи казни од тоа, разгледајте од увидна полиција една галерија сообраќајки... 🙂 Еден месец може ќе имате мака со несоница ама ефективно е за психата.
Јас ги поминав проблемите со полиција и дивеење уште на 16/17 години, да не се подречам во последниве година и пол не сум имал прекршок ниту за брза вожња ниту општо било каква казна. Највеќе научив од кога почнав да возам мотор, првите месец-два брзо возење, ризични ситуации, несовесни возачии.. ми укажаа многу прилики да видам работи за кои треба да си ја чукнеш главата и да го вклучиш малце мозокот. Највеќе би сакал ова да го прочитаат тие што во главата си имаат зацртано "Мене нема да ми се случи". Баш тогаш кога мислиш дека имаш се под контрола и дека владееш со кола/мотор, и баш тогаш кога си најсигурен во себе и во тоа што го правиш, можно е да се случи. И тоа се случува со мноогу големи последици. Љубители на адреналин и луда вожња, не има многу. Бескрајна дебата и расправија е да се инатиме, ако човек го нема тоа во себе, не можеш да му го опишеш и докажеш. Ама местото за адреналинска доза не е на автопат, нити во град пред кафичите, нити на булевари... Штета што немаме каде да си ги истресеме болвите ама тоа не е сега тема на муабет. 🙂
На своите млади години можам само да кажам дека после само една година поинаку се размислува и на многу ситуации каде што сум ризикувал, сега кога ќе ми текне сфаќам која будала сум бил и колку не би го направил пак истото..
Годинава посебно премногу несреќи се случија и мислам дека на сите ни е јасно дека треба да се отвараат очи и да се размислува повеќе. Нема потреба да се правиме светци на форум, сите понекогаш возиме брзо, сите понекогаш правиме грешки. Не им верувам на тие што викаат дека цело време возат по знаци и дека не прават прекршоци. Најбитно е да останеме свесни зад волан и да размислуваме за нашиот и животот на другите. Во секој случај казните се крајно неисправни и начинот на казнување на полицијата е крајно не етички. Ама мислам дека се додека во менталитетот владее слобода на девијантно понашање не само во сообраќај туку насекаде, се е џабе.