Мислам дека темата не ми е згрешена,ако е нека се префрли во соодветната.
Во 1990 година купена е куќа,истата урната и изградена нова(не толку важно).Дворното место е некои си 384м2 земјиште под зграда 100м2.Во 2003 година имаше измена на урбанистичкиот план со кој ми се одземени некои си 140м2 за пробивање на сега слепа уличка,без надомест и ми се дадени на користење додека не се пробие сега слепата уличка.Во 2006 година ми се чини имаше повторно измена на урбанистички план и од тие 140м2 се намалени на 108м2.Тие 32м2 морав повторно да си ги приватизирам и платам,а и двата изработени елаборати си ги платив јас.Влезот во мојот имот моментално е широк 2м и така е од 1990 година.Со мерењето кое се изврши минатата недела излезе дека има узурпација на влезот со 70цм,односно потребно е да имам 2.7м ширина на влез.Ѕидот кој не дели со соседот и кој треба да биде пократок со 70цм пред 2003 се наоѓал во мој имот,целиот ѕид од некои си 18м е на моја територија дури 10-15цм соседот има чист простор во тогаш мој имот,сега во имот на РМ кој ми е даден на користење додека не се пробие уличката.Да бидам појасен моментално мојот комшија користи дел од површина кој во 2003 година ми е одземен (од приватно стана државна сосптвеност)и ми е даден на користење мене.Истот комшија има навлезено со 45цм во крак од истово слепо уличе.Прашањето ми е кои се моите права врз имот кој беше мој,кој без надомест е одземен и даден ми е на користење а узурпиран од соседот.
Минатата недела од страна на општината дадена ми е дозвола за узурпираните 70цм ѕид да ги урнам,и наводно беше договорена целата работа но соседот кој е тежок ВМРОВЕЦ(а таткото на Кавадарци е ВМРО) почна со закани со зборовите јас сум јак,нема жива сила кој може ова да го урне ,па и закани по живот на мене и мојата фамилија.Случајот пријавен во полиција и наводно денес треба општинскиот инспектор надлежен за овие работи да излезе на терен и да каже дали и до каде ќе се урива ѕидот.
Со сини линии е мојот имот,зелената површина е одземеното земјиште кое ми е дадено на користење,црвените линии се узурпираните ѕидови,со црни линии се границите кои треба да бидат гранични линии,сино фарбаното е слепото уличе.

Ако може некој совет од поупатените,како да постапам и кои се моите правни можности.