Све готовани!
линкЧлен 34
Задолжителност на означување
(1) Возилата во сообраќајот на патиштата задолжително се означуваат со две
регистарски таблици, освен мопеди (велосипед со мотор), мотоцикли, лесни
четирицикли, лесни трицикли, трицикли, приклучни возила, работните машини,
тракторски приколки и мотокултиватори што се означуваат со една регистарска
таблица.
Член 36
Содржина на регистарските таблици
(1) Регистарските таблици за возила ги изработува правно или физичко лице
овластено од Министерството за внатрешни работи.
Службен весник на Република Македонија Редакциски пречистени текстови
31 од 89
(2) Регистарските таблици задолжително треба да имаат соодветен квалитет и
заштита.
(3) Не е дозволено да се менуваат регистарските таблици на возилото.
Возилото не може да биде во сообраќај со поинакви регистарски таблици од
пропишаните или со променета регистарска таблица.
(4) Регистарските таблици задолжително треба да бидат наместени на место
што го предвидел производителот на возилото, така да бидат добро видливи и
читливи, да не се оштетени, да не се скриени и да не се додатно покриени.
Регистарските таблици задолжително треба да се приковани, или поврзани со
завртка или цврсто поставени на друг начин.(5) Глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на сопственик на возилото што постапува спротивно на одредбите од
ставовите (3) и (4) на овој член.