Дечки, вчера во ПСС ги предадов сите документи од колата што ја купив од Словенија за добивање на таблици и сообраќајна (оригинали, преводи, заверки, царина, шпедиција, технички, се комплет), кај МВР шалтерот, заради проверката што ја прават преку Интерпол....е сега не ми дадоа никакво бројче со образложение дека за тоа не даваат бројчиња, а друга работа, многу тивко збореше тој на шалтерот, нешто спомна МВР кај Македонска телевизија и ми побара број од телефон....дали они ќе ме бараат? Кои би биле тоа они, од ПСС или од МВР лоцирани во МТВ? Од каде би ги подигнал таблиците (со сообраќајната), од ПСС или од кај МТВ?