Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2097032 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10005 на: 18 Март 2019, 14:56:37 pm »
Ајде една случка од саботата да ви раскажам, можеби некој ќе научи или јас ќе научам нешто.

Грција по патот за Воден (Едеса) после Аминтео на отворен пат на следната локација и слика ме измерија со 90км/ч, 40км/ч над дозволеното.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Патот е ограничен на 90км/ч, ама кај знакот е блага кривиниа и не се гледа раскрсницата, и само што го поминав него му излегов на нишан, јас отпуштив на гаста ама џабе, уште ~250м има до истата и можиш да успориш до неа макар и воз да се има превртено, ама тој муабет само вкоперација држи вода.

Казна 175€ и одземање на возачката за 60 дена.
Јас неук му ја дадов првин македноската а потоа ми ја побара интернационалната пошто оваа не му бркаше работа, ама сепак ми ги одзеде и двете оти јас глуп.

Рок на плаќање 15дена, во пошта во Лерин, и ќе ми се јават за подигнување на возачките за да ми кажат од каде или ќе ги подигнам од граница.
Заебаниот дел е што имам претчувство дека ќе ми ја загинат македноската и ќе ми го заебат почетокот на летото.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Поука, македонска возачка никако давање, интернационална тој што нема да си извади, и ако нешто пропуштив или направив грешно во ситуацијава,
некој со слично искуство убаво е да пиши, да кажи.

Немаш мака Царе, нека се збие на лошото. Мене ме фанаа во Грција лани со багиди над дозволеното и ми ги земаа возачките секако :D . Си платив на граница казната одма заради Аутлет попустот од 50% (мислам дека платив 175 или 200евра) и по 5 дена бев си ја земав возачката од местото каде што ми кажаа (во мојот случај беше Поликастро). Морам да забележам  само дека ми рекоа дојди за 2 дена и отидов ама не беше спремна цела документација па си се вратив и по 5 дена отидов повторно, потпишав таму некој документи и ми ја вратија возачката за 5 мин.
Одтогаш сум бил Грција неколку пати и сум немал никаков проблем. Не ми се ризикуваше и мене со пријавување на изгубена и слично од причина што кога имаат во нивна сопственост таков важен документ сигурно ќе си најдат начин да наплатат тоа што е нивно, а и кога сум бил мангуп да возам толку брзо мора и да се сносат последици :) .

Инаку ништо не ми рекоа за несмеење да возам во Грција или така нешто, бев после тоа за брзо, а и влегував во Грција 2 пати без возачка оти нели ми беше кај нив и не наидов на никаков проблем. Така да уживај си со тоа немаш мака.
« Последно менување: 18 Март 2019, 15:01:59 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10006 на: 18 Март 2019, 14:58:01 pm »
Ти дозволија да продолжиш да ја возиш колата без возачка?

Едит: пријави ја за изгубена возачката и извади си нова, за 2 недели стасува :)

После договорот со Преспа тоа не е опција. Ќе ги поврзат МВРињата со тие работните групи. Со Бугарија така ги поврзаа и сите што имаа двојни возачки добија кривични пријави.
Ништо Power, арно вика Луки, ако се поврзани мврињата ќе си направиш поголема беља. Крцкај си 2 месеци без кола.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10007 на: 18 Март 2019, 16:10:55 pm »
После договорот со Преспа тоа не е опција. Ќе ги поврзат МВРињата со тие работните групи. Со Бугарија така ги поврзаа и сите што имаа двојни возачки добија кривични пријави.


Луки не оди тоа баш така. Бугарското и нашето МВР не се поврзани, ниту биле ниту ќе бидат. Единствен начин на кој се "поврзани" е комуникација по службен пат (електронска или пошта по службен пат). Пример: Кога вадиш БГ возачка ти ја земаат македонската. Истата ја поништуваат и или ја праќаат назад до нашето МВР по службена пошта или го известуваат МВР за таа ВД дека не е повеќе валидна. Во контекст на првата реченица, ние немаме две министерства кај нас поврзани меѓу себе а камоли на меѓудржавно ниво.

Нашето МВР појма нема колку двојни ВД имаат нашите граѓани. Може да дознаат за некого само при контрола на возач ако покаже невалидна т.е двојна ВД и притоа директно проверат во систем дека е невалидна, инаку нема шанси. Друг пример, двајца колеги мои имаат и МК и БГ возачки. МК им се невалидни ама возат додека не ги фатат. Зашто им се по две возачки појма немаат а реално немаат ни потреба ама македонче.

Исти к.рац и со Грците и со било која друга држава со која имаме склучено билатерален договор.

@Power to the people убаво ти вика Силвестер, ако не ти се чека пријави ја за изгубена и земи си нова а тоа дека друг пат ќе се правиш мутав и нема да ја дадеш мало морген. Ќе ја дадеш и оро ќе им играш само џабе мутав ќе си останеш.

Едит: Е јбг, овој Силвестер бетер од власта, мења ставови на 5 минути  ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10008 на: 18 Март 2019, 16:22:03 pm »
Зошто да се невалидни мк вд ако имаш бг?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10009 на: 18 Март 2019, 17:57:16 pm »
Па не смееш да имаш две возачки. Јас кога вадев латвиска ми ја земаа македонската ми рекоа ќе ја вратат назад во министерство по пошта.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10010 на: 18 Март 2019, 18:03:00 pm »
Не го знаев ова :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10011 на: 18 Март 2019, 18:10:35 pm »
Зошто да се невалидни мк вд ако имаш бг?

Затоа што не смееш да бидеш и бугарин и македонец во исто време... :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10012 на: 18 Март 2019, 18:28:04 pm »
Зошто да се невалидни мк вд ако имаш бг?

Затоа што не смееш да бидеш и бугарин и македонец во исто време... :D

Како кога сме две држави един народ.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10013 на: 18 Март 2019, 18:44:50 pm »
После договорот со Преспа тоа не е опција. Ќе ги поврзат МВРињата со тие работните групи. Со Бугарија така ги поврзаа и сите што имаа двојни возачки добија кривични пријави.


Луки не оди тоа баш така. Бугарското и нашето МВР не се поврзани, ниту биле ниту ќе бидат. Единствен начин на кој се "поврзани" е комуникација по службен пат (електронска или пошта по службен пат). Пример: Кога вадиш БГ возачка ти ја земаат македонската. Истата ја поништуваат и или ја праќаат назад до нашето МВР по службена пошта или го известуваат МВР за таа ВД дека не е повеќе валидна. Во контекст на првата реченица, ние немаме две министерства кај нас поврзани меѓу себе а камоли на меѓудржавно ниво.

Нашето МВР појма нема колку двојни ВД имаат нашите граѓани. Може да дознаат за некого само при контрола на возач ако покаже невалидна т.е двојна ВД и притоа директно проверат во систем дека е невалидна, инаку нема шанси. Друг пример, двајца колеги мои имаат и МК и БГ возачки. МК им се невалидни ама возат додека не ги фатат. Зашто им се по две возачки појма немаат а реално немаат ни потреба ама македонче.

Исти к.рац и со Грците и со било која друга држава со која имаме склучено билатерален договор.

@Power to the people убаво ти вика Силвестер, ако не ти се чека пријави ја за изгубена и земи си нова а тоа дека друг пат ќе се правиш мутав и нема да ја дадеш мало морген. Ќе ја дадеш и оро ќе им играш само џабе мутав ќе си останеш.

Едит: Е јбг, овој Силвестер бетер од власта, мења ставови на 5 минути  ;D
Сега веќе и не е така, забраната за управување ќе ти важи во македонија и обратно. Бугарите на велико штанцаат казни и забрани на нашите последниве месец дена.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10014 на: 19 Март 2019, 00:46:32 am »
Каде ја впишуваат забраната бугарите на македонските возачи со македонски ВД? Како тече процесот? Имаат 30 дена да се јават во полициската станица во Радомир и да им ја впишат во книшката?

Рекла казала муабети се. Ако е така тогаш треба и ние нив истото да им го правиме а не им се прави пошто нема модус. Со странци секогаш е поинаква процедурата.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10015 на: 19 Март 2019, 07:48:31 am »
Немаш мака Царе, нека се збие на лошото. Мене ме фанаа во Грција лани со багиди над дозволеното и ми ги земаа возачките секако :D . Си платив на граница казната одма заради Аутлет попустот од 50% (мислам дека платив 175 или 200евра) и по 5 дена бев си ја земав возачката од местото каде што ми кажаа (во мојот случај беше Поликастро). Морам да забележам  само дека ми рекоа дојди за 2 дена и отидов ама не беше спремна цела документација па си се вратив и по 5 дена отидов повторно, потпишав таму некој документи и ми ја вратија возачката за 5 мин.
Значи и тебе ти беше сигурно на 60дена одземена а си ја подигна за 10, значи на граница можам да си ја пробам среќата порано.  :-\

Ти дозволија да продолжиш да ја возиш колата без возачка?

Едит: пријави ја за изгубена возачката и извади си нова, за 2 недели стасува :)
Нормално дека продолжив, а за изгубена откако ќе ја пријавам, треба да чекам да се објави во службен весник еднаш мислам, па да се закажам за сликање па 10дена потоа за издавање, врти сучи еден месец минимум. Ова можам ама ќе бидат џабе фрлени пари, а мвр појма нема дека ми е одземена а камоли да проверат во грција. Едноставно старата ја кршам кога ќе ја подигнам. Во казната е запишана бројката од интернационалната само.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10016 на: 19 Март 2019, 08:33:54 am »
...

Во Бугарија забраните не ги пишуваат во возачката дозвола како кај нас. Треба да ја однесеш во нивното МВР откако и официјално ќе излезе нивното “наказателно постановление“. Или ќе ти ја одземе полицаец директно ако те фати со таква казна во системот. Странците ги проверуваат во централата (и нормално има место за договор).  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10017 на: 19 Март 2019, 12:59:08 pm »
а овие кај нас што добиле казна за брзо возење во БГ и се сликани на камера ?

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10018 на: 19 Март 2019, 13:05:46 pm »
а овие кај нас што добиле казна за брзо возење во БГ и се сликани на камера ?

Им стига по пошта после пола година и имаат обврска да си ја платат. Доколку не го сторат тоа мислам дека при прв влез во некоја од земјите од ЕУ ке искочи некоја нотификација на екранот кај униформираниот службеник на граничниот премин.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10019 на: 20 Март 2019, 12:06:28 pm »
Па не смееш да имаш две возачки. Јас кога вадев латвиска ми ја земаа македонската ми рекоа ќе ја вратат назад во министерство по пошта.

Мислам дека можеш да ја земеш македонската назад. Мене во Швајцарија ми ја вратија и ми кажаа дека не е валидна само во Швајцарија.
Иначе како би возел кола на македонски таблици во Македонија.

Треба поточно да прашаш, но мислам дека можеш да ја задржиш, само не смееш да ја користиш таму кај што живееш.