Кај појде муабетот... Зборот ми беше никому ништо не загрозувам со неносењето на кацига.. А на типот што блокира цела колона ништо не му можат..
Загрозуваш. Еве сеа ќе ти објаснам и како: Возиш со мотоорот со влечки и рамбовка, без кацига, ти текнуе пред мене да напраиш глупост или моторот напри глупост сеедно, и летнеш под мои тркала:
Гарант гинеш, пошто глава ќе ти заврши прво на асфалт, па потоа кај мене под тркало, ама не ми е гајле, твој проблем е тоа
Јас ќе се ебаам со вештачења, со кривична за сообраќајка со смртни последици, евентуално некој месец во отворено одделение на шутка и слично, наместо да си поминеме со некоја излуштена јакна со штитници и изгребана кацига, и да ми потпишеш европски.
Недајбоже да не изгинеш, па останеш доживотен инвалид со трајна потреба за медицинска нега. Наместо парите од фондот да отидат за некое дете кое ќе може да направи некој тип на операција кое ќе му го подобри квалитетот на животот (што знам, може ќе биде мое внуче или роднинче), ќе мора за него донации да се собираат, затоа што ти арчиш пари за дијализа и гуски а мочање.
Така да, не бидете себични, врзете каиш, ставете кацига. Ако ти е за самоубиство, скокни од зграда, помалце последици има по другите, отколку возење без појас или без кацига.