Ради формата се изгуби поентата на разговоров. Небитно дали луге со БМВ брзале или со Спарк не. Ете мојот омилен Застава 101 нека е во споредба со некој Тесла модел. Тотално небитно е моделот на колата со волот што ја вози/злоупотребува.
Значи закон колку и да е глуп треба да се почитува инаку ќе сме анарахија. За непочитување си има казни. Сите закони се менувале и ќе се менуваат, пошо нема идеален закон и закон еднаш засекогаш донесен.
Поголем проблем од киловатите е доследно почитување на закон, зашо додека казнуваат за киловати или пуштени магленки пред нивни очи тешки прекршоци се дешаваат.
П.с. Вчера Лептокарија на тротоар качена една гуска со Порше Кајен или како и да се вика џипот и си дреме надвор си чека некој, 4 трепкачи пуштени и гајле си нема, во исто време одам по тротоар и пред мене 2 цајкани, млади дечки беа некои, се договараат дали да ја казнат, по што основ или да се направат дека не виделе па да си продолжат накај Ситимол зашо нели Порше.
Е додека е така во нашево Банана стате, ќе се казнуваат луѓе за глупости, а очигледни прершоци и поминувања на црвено и пијани зад волан и тн ќе се игнорираат или ќе останат неказнети, зашо порше, ауди, мерцедес, небитно