Па ајде да превземеме нешто... Јас радо би учествувал за да се подобри нешто, а не да оди на полошо...
Другар, ништо лично, ама ти си веќе со таков менталитет. Ако сакаш да си го промениш менталитетот, треба да работиш на самиот себе, за да се промениш самиот себе. Средината не може да ја смени еден човек. Но, дали ти си спремен да се промениш самиот себе? Јас мислам дека не.
Еднаш ти реков, сега пак ќе се повторам. Парите што си ги ставил во БМВ и казни, си можел да ги инвестираш во образование, да го видиш светот, да си ги зголемиш сопствените професионални вештини, својата свест кон самиот себе, кон другите и кон околината што те опкружува, и кон природата. Тоа во Македонија е невозможно, затоа што, луѓето кои превземаат одговорност на свој грб и најчесто си го залагаат образот, здравјето и сопствената фамилија за да направат нешто повеќе за себе и другите. Но, тоа се злоупотребува, и на секој можен начин мнозинството гледа да го злоупотреби, зафркне и уништи. Затоа што, уништувањето, непочитувањето, немањето општи познавања и социјална свест се норма кај нас, а не исклучок.
Затоа, пологичниот избор е да се исселиш во општество кое веќе заклучило дека треба секој да си го носи својот товар, личната одговорност, и да го даде својот мал придонес кон другите луѓе од тоа општество. Затоа што, тие веќе ги поминале тие детски болести и за среќа преживеале.