Ситуацијата кај пријавените е следна.Чичко ми на времето во деведесетите беше благајник на една голема фирма која пропадна и осуден е да плати оштета од околи 20 000 евра сегашни.Веќе 20 години нема ништо на негово име,ниту има трансакциска сметка ниту ништо,бидејќи ќе му го конфискуваат.Работи на црно но повеќе седи дома како тртеа.Ние во тие деведесети години си направивме нова куќа и од 92 сме иселени од таму.Кога дојде ред да се дели имотот дедо ми на татко му ја остави како наследство а чичко ми со некоја превара веднаш го префрли неговиот дел на син му.Можам да најдам начин и сето тоа префрлање да го пријавам и да му го оспорам,бидејќи со правосилна пресуда секој негов стекнат имот треба да се конфискува.Братуџед ми е тртеа на тртеите,маж од 30+години неможе да спечали за дрва,дедо ми му ги купува,како што му ја купи и климата.Неколку пати му имаат исклучено струја,дедо ми му ја плаќа,му има враќано кредит и што уште не.Работи во кладилница за 12000 ден.Тие мислеа дека куката ке остане нивна целата,откако почнавме да реновираме почнаа вие глупости.Од подрумските простории си запоседнаа 3/4 кои пробаа да ги земат но безуспешно и во секој момент можам да си го заградам.
Едноставно тие се голи мрзливи кучиња кои немаат да платат ниту за адвокат ниту за казна.А и дедо ми го исцицаа кој моментално нема пари ни за гробно место,татко ми треба да му го плати.
Само татко ми е многу мирен и во многу работи ме спречува да ги сторам.Да беше по мое до сега се ќе беше решено.