100 000 евра инвестиција е достижно, особено ако живееш надвор од Македонија. Затоа си мислев нешто бизнис за тие пари да си отворам нешто... На почеток се мислев за бизнис во Македонија, уште имам идеи и се, ама кога знам што “држава“ сме и што народ сне, немам воља јас да започнам да работам нешто за некој трет да се богати. Си барам така нешто скромно, скромно да речам 500-1000 евра месечно печалка. Сега бизнис од 100к евра за 1000евра месечно печалка па и не е баш исплатливо, не планирам како пензионер да живеам(уствари тоа ми е поентата, ама сега, а не на 60години) Кај нас се знае што успева најмногу, криминал, кладилници, апарати, покери, ама тоа без криминал не иде и плус многу пари треба. Како што гледам, ова шпедицијата(арно кажа членот погоре) на времето кој почнал да, а сега енос да почнеш имаш прво голема конкуренција и нема да ти дадат место на пазарот, освен ако немаш милионче на страна, со 100к еден камион од 2014 година да купеш па уште 20-30к да имаш за одржување за да почнеш некако, ма да тешко.