Автор Тема: Бизнис идеи  (Прочитано 73893 пати)

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #165 на: 30 Јануари 2017, 16:02:56 pm »
После тоа ќе треба да смениш камиони заради ЕУР стандардот :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #166 на: 30 Јануари 2017, 16:05:10 pm »
Па добро, 100 000 евра инвестиција и не е нешто недостижно. И ако се отплати за 5-7 години и после да прави чист профит не е така лошо.

За 6 години камионот ќе сврти 600.000км минимум. Ако е нов, тогаш е поволно време за продажба. Но за 40.000 евра, ќе купиш камион со ~400.000км. После 6 години ќе има милион километри, и ќе треба нов да купиш.  ;D :D  

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #167 на: 30 Јануари 2017, 16:12:35 pm »
100 000 евра инвестиција е достижно, особено ако живееш надвор од Македонија. Затоа си мислев нешто бизнис за тие пари да си отворам нешто... На почеток се мислев за бизнис во Македонија, уште имам идеи и се, ама кога знам што “држава“ сме и што народ сне, немам воља јас да започнам да работам нешто за некој трет да се богати. Си барам така нешто скромно, скромно да речам 500-1000 евра месечно печалка. Сега бизнис од 100к евра за 1000евра месечно печалка па и не е баш исплатливо, не планирам како пензионер да живеам(уствари тоа ми е поентата, ама сега, а не на 60години) Кај нас се знае што успева најмногу, криминал, кладилници, апарати, покери, ама тоа без криминал не иде и плус многу пари треба. Како што гледам, ова шпедицијата(арно кажа членот погоре) на времето кој почнал да, а сега енос да почнеш имаш прво голема конкуренција и нема да ти дадат место на пазарот, освен ако немаш милионче на страна, со 100к еден камион од 2014 година да купеш па уште 20-30к да имаш за одржување за да почнеш некако, ма да тешко.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #168 на: 30 Јануари 2017, 16:45:54 pm »
Јас цело време барам идеја за passive income 500-1000 EUR месечно. Ама ајде најди ја.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #169 на: 30 Јануари 2017, 16:49:19 pm »
орочи на 12 месеци миљон евра и ете пасив инкам ;D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #170 на: 30 Јануари 2017, 16:53:57 pm »
Тератана е добра инвестиција. Ни ти треба вода(освен за пиење и ВЦ), ни струја(освен радио и светло). Само муштерии.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #171 на: 30 Јануари 2017, 16:55:11 pm »
Многу далеку од милион.

Ако земеш дека просечна исплата на дивиденда е 4%, а реално е повеќе од тоа ама не е сигурно дека ќе е секоја година, па затоа можеме стабилно да земеме дека е 4%.
Тогаш можеш да заклучиш дека 500евра месечно се само 6000евра годишно. А на тоа 4% се само 150.000 евра. Многу далеку од еден милион. Тоа е за буквален пасивен инкам. А ако имаш и време и знаење за трговија истото ќе го постигнеш и со 50.000 и малку замарање првите 2-3 години.

Како што важи во светски рамки „не ме прашувај како сум го направил првиот милион, за другите се ќе ти кажам“, кај нас важи со првите 100.000 евра.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #172 на: 30 Јануари 2017, 16:56:30 pm »
Влада да си е добра работа, си измислуваш закони на лице место, си собираш даноци немаш сакал нејќел, оперативни трошоци сакаш ги плаќаш сакаш не, за 4 години паратали ќе направиш.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #173 на: 30 Јануари 2017, 17:13:45 pm »
Многу далеку од милион.

Ако земеш дека просечна исплата на дивиденда е 4%, а реално е повеќе од тоа ама не е сигурно дека ќе е секоја година, па затоа можеме стабилно да земеме дека е 4%.
Тогаш можеш да заклучиш дека 500евра месечно се само 6000евра годишно. А на тоа 4% се само 150.000 евра. Многу далеку од еден милион. Тоа е за буквален пасивен инкам. А ако имаш и време и знаење за трговија истото ќе го постигнеш и со 50.000 и малку замарање првите 2-3 години.

Како што важи во светски рамки „не ме прашувај како сум го направил првиот милион, за другите се ќе ти кажам“, кај нас важи со првите 100.000 евра.

Каде даваат 4% ? ;D :D

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #174 на: 30 Јануари 2017, 17:16:51 pm »
па за џабе не фрлат стотици илјади евра на кампањи. Јас се мислам за нешто ретро. Да има каде да се згриже народот, да е ефтино, да се забавува, да се друже. Не зборам за кафуле, зборам за играчница, биљард, пинг понг, пикадо, плејстешн, компјутери, ама да не е кокошарник, да има ретро атмосфера.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #175 на: 30 Јануари 2017, 17:17:09 pm »

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #176 на: 30 Јануари 2017, 17:30:53 pm »

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #177 на: 30 Јануари 2017, 19:07:15 pm »
Никогаш не ми биле јасни овие орочувања на пари. Значи пример имам 10к евра и сакам да ги орочам на 3 години, еве во Можности да речеме. И сега, 3 години тие пари ти се недостапни, не можеш да вадеш предвреме или грешка сум? Од тие 10к евра 4% ти добиваш, 4% од 10к ти е 400евра, најдолу прочитав „Каматните стапки се на годишна основа“ значи 4% или поточно 400евра добиваш годишно или грешка сум? Значи, после 3 години јас добивам 10 400евра или 11 200евра? Дали можеш некако да ги изгубиш тие пари?

И која е разликата помеѓу овие две
„депозит по видување“
„орочен депозит“
« Последно менување: 30 Јануари 2017, 19:13:01 pm tjolie »

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #178 на: 30 Јануари 2017, 19:13:51 pm »
Можеш да ги изгубиш ако капитулира банката.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #179 на: 30 Јануари 2017, 19:22:13 pm »
Никогаш не ми биле јасни овие орочувања на пари. Значи пример имам 10к евра и сакам да ги орочам на 3 години, еве во Можности да речеме. И сега, 3 години тие пари ти се недостапни, не можеш да вадеш предвреме или грешка сум? Од тие 10к евра 4% ти добиваш, 4% од 10к ти е 400евра, најдолу прочитав „Каматните стапки се на годишна основа“ значи 4% или поточно 400евра добиваш годишно или грешка сум? Значи, после 3 години јас добивам 10 400евра или 11 200евра? Дали можеш некако да ги изгубиш тие пари?

И која е разликата помеѓу овие две
„депозит по видување“
„орочен депозит“
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Депозит по видување е депозит кој можеш да го повлечеш во секој момент, и кој банката/штедилницата мора да го има спремен во секој момент во случај да ти текне дека сакаш да го повлечеш. Затоа што тие пари банката/штедилницата не може да ги користи/инвестира/умножува, на депозит по видување имаш минијатурна, а се случувало и негативна камата кога економијата диктирала така.

Орочен депозит е депозит кој не можеш да го подигнеш пред истек на рокот, или пак можеш да го подигнеш со тоа што ќе ја изгубиш дотогаш акумулираната камата. Ако орочиш пари на 3 години и решиш да ги подигнеш за 2 години, акумулираната камата си ја задржува штедилницата/банката, и поради инфлацијата твоите пари вредат малку помалку одошто вределе пред 2 години, кога си ги вложил.

Во теорија, парите вложени во орочен депозит банката/штедилницата ги „врти“, т.е. ги инвестира и умножува и како награда за тебе бидејќи си им позајмил пари да ги „вртат“, ти даваат % од она што тие го заработиле „вртејќи“ ги твоите пари.

Конкретно на твоето прашање за тоа колку ќе добиеш, имаш 2 опции. Во првата опција, ти решаваш каматата да ја подигаш после секоја година, и во првата, втората и третата година имаш ПО 400 евра, значи вкупно 11200 евра.

Втората опција вика дека ти вложуваш 10000 евра и ги забораваш 3 години, со што во првата година имаш 400 евра камата. Бидејќи не си ги подигнал тие 400 евра, во втората година имаш 4% камата но на сума од 10400 евра, во случајов 10816 евра (16 евра повеќе отколку првата опција). Во третата година, ако не ги чепкаш парите, имаш 4% камата на 10816 евра = 11250 евра.

На огромни суми пари, оваа математика има многу повеќе смисла. :)
« Последно менување: 30 Јануари 2017, 19:27:48 pm MartinAlfista »