Помислував да отворам буфе, ама тоа само во поголеми градови, Скопје, Велес, Штип(строго источна Македонија), ама од друга страна кога ке си помислам какви гагаџии/лапачи имаме, може да ме обвинат за убиство од прејаденост. Имам еден другар од Кочани, почна како домашна кујна, минимум 4 оброка, секојдневно различно мени од 2-3 различни главни јадења, ете сега сака да се прошири да отвори во центар дуќан. Малце е ризик во мал град како Кочани, ама да речеме во Скопје тоа би требало да биде супер.
Инаку малце да објаснам за што точно станува збор, што е тоа буфе и како се одвиваат работите. Буфе ти е место за јадење, нешто слично на ресторант, само наместо тие да те услужат, овде сам се услужуваш од кујна(слика подолу) си одбираш што сакаш и колку сакаш да изедеш за одредена сума на пари. Да речеме денес, петочно буфе ке биде, грав, плескавици, ориз, копани, пица, компири, сосови(2-3 вида), сок на точење(газиран и негазиран, 3-4 вида) и цената на ова буфе ти е 500денари. Значи, јадеш колку сакаш/можеш, пиеш колку сакаш/можеш. Е сега, кои се проблемите, а кои добивките. Јас да речам, не би можел да изедам више од чинија грав и една плескавица и 1-2 чаши сок. Тоа се на се да кошта 200-300ден, што тука имаш добивка, ама пак кај нас кога нешто е неограничено, се гледа да се искористе максимално, па може некој и да се прејаде

500ден да дадеш а да изедеш 200-300ден нормално не ти се исплаќа и боље би отишол на сендвич, повеќе ќе имаш гагаџии/лапачи/дебелури отколку нормални/слаби/анорексични. Тука е главниот проблем. Ако го направиш да биде да речеме 300ден, треба и јадењето да не е толку “богато“ башка тоа што треба да биде по сите стандарти, хасп, ова она... ама ипак на крај мислам дека би успеало во Скопје. Има доста народ што во Скопје е само за работа или студира, вашите вечни “противници“ наречени провинцијалци, кои поради Х причина немаат ручек/вечера и ова е добра прилика за нив, само единствено цената треба да се израчува и да се намали. Јесте, има она Брзо Лепче(или како беше) што можеш да си доставеш до дома некакво јадење(што е истотака добра работа), али овде имаш секогаш поголем избор, тазе подготвено(на почетокот, додека се развие, доста храна може да биде фрлена или боље подарена), а најбитно од се, неограничено! Еве некои си примери...





