Тоа е поентата, да има некој баланс, пошто кај нас има и кркачи/лапачи особено кога е неограничено. Но, кај нас најмногу диктира цената, иако да речеме еве Бургер Кинг и слични во Сити мол, еден сендвич мени ти е околу 250-300ден и на крај пак ке останеш гладен. Ова е изводливо, а локацијата да биде строго центар или да речам места каде има доста народ што може да си го дозволат, пример да не е Шутка, Батинци, Драчево и сл.(без навреда), ете Сити Мол е добро место, Рамстор истотака, ма да мислам таму популацијата е претежно муслимани и тука малце губеш на избор на храна. Нормално, секогаш во менито мора да има избор(свинско и пилешко или телешко или јунешко) за сечиј вкус за да привлечеш повеќе народ. Јас не живеам во Скопје, ни па планирам или пак сакам да живеам во Скопје(иако купивме стан со жената), ама никогаш не се знае нели. Да би живеал и да имам можност би пробал, мислам дека ке успее бизнисот, а тоа е најбитното.
Да објаснам малце поубаво пошто гледам некои не разбрале за што станува збор. Не е еднаш само да наполниш чинија и да избереш мала или голема. Не. Значи вака. Одеш ко нормален човек(не дивјак

), зимаш послужавник, ставаш чинија + чаша + лажица или вилушка(или двете) +нож + салфети и одеш на каса. Си платеш ко нормален човек, да речеме еве 500денари(една червена), и потоа си одеш и си ставаш што ти душа сака и колку сакаш. Добра печалка имаш на фамилијарни муштерии со деца. Јадеш, пиеш, кога завршеш оставеш послужавникот на одредено место, чао пријатно. Инаку со оваа цена можеш да парираш во Сити Мол. Затоа реков, локацијата е (секогаш) најбитниот детал во бизнисот.
marjanot
Знам на што мислиш, али тие балканци за кои збореш се претежно шофери што со месеци немаат пробано вкусна храна и само гледат да искористат максимално па макар и да се фрле храната, тоа е неиживеан народ(се разбира има исклучоци), така се понасаат само во странство(за жал), да видеме по кафаните или ресторантите во Македонија дали така ке се однесуваат. Тоа не го праве балканец што живее во странство, сигурно има да си дозволи што сака и колку сака и не е ненаситен. Нормално, доколку некој се понаса така во буфето, едноставно одеш го замолуваш да не ја уништува храната и да се понаса совесно или во спротивно ке биде избркан/отстранет/нападен од буфето. Некој така во кафана или ресторант да си игра со храната, нема никој ништо да реагира?