Потребна ми е информација за IES вентил гас лер за форд мондео 3.
Како реагира возилото и дали на дијагностика го покажува проблемот ако е до IES вентил гас лер ?
Дали е во ред да се купи нов од продавница кинески IES вентил гас лер ?
Препорака за купување и сервис на IES вентил гас лер ?
Друже, на тебе мондеото најверојатно има лапнато клапни. Отварај под итно и ревизирај усисна грана.
Фала на сите што се потрудивте да ми одговорите.
Мондеото го однесов на сервис кај 55 годишен сервисер кој што е и аутоелектричар кој имал искуство околу 20 години претежно со Форд.
Извештај од сервисерот: монтирана е половна усисна грана т.е монтирал усисна грана која била негова од неговото Мондео.После монтирање на усисната грана и чистење на IES вентил гас лер ,извештај од сервисерот: проблемот со IES вентил гас лер бил поради тоа што работел со помалку од околу 200/300 вртежи и поради тоа колата стартувала под саух ,моторот работел нерамномерно под саух и додека е во лер и со тек време на возење километри би требало да се среди проблемот со IES вентил гас лер.
Што мислите вие за ова?
::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::::
Во продавница IES вентил гас лер го продаваат од производителот Topran (Германски бил) за 4500 денари ,додека пак оригинален (Форд) бил за 5000 денари ,а во МИДА овој дел кошта околу 200 евра.
Ваша препорака за купување на овој IES вентил гас лер и дали знаете која е разликата кај овај дел кој го најдов со 3 различни цени?