Како што му најавив на докторот пред некој ден во МИ-ДА успешно беше вграден USB media box.


Командите покрај воланот се задржани (менување на песни, висина на глас, менување на фолдери) што ми беше и најбитно, пошто предходно со мп3 плеер преку aux функционираше само висина на гласот. Квалитетот на звук во однос на предходно користениот aux со мп3 плеер (или мобилен понекогаш) е огромна (поизразени високотонци, солиден бас), сега гласноста е еднаква со CD-то за разлика од прдходно кога volume требаше да биде на 20 спрема volume 5 кога се слуша на CD. MP3-те ги вчитува многу брзо, исто така и преминувањето од фолдер во фолдер. УСБ кабелот најчесто го ставаат во ладицата, а пошто кај мене е стално препуна со дрангулии и да не копам стално во ладицата им реков да го стават медиабоксот како што е на сликата.
МИ-ДА односно дечките од приемно па до одделот за резервни делови имаат чиста 10-ка од мене, (однос, услуга све на нивоу).
До сите фордаши од мене имате препорака за USB mediaBox-от.
Е сега и едно прашање до докторот.
За што служат конекторите од сликата? Ги има 3, од кои два се прикачени а еден е обмотан со црна изолир трака.
