Патувам, со Меганот се оди 3-4 пати годишно за Белград, често на викенд негде низ Мк. Се проаѓа 20 до 30К годишно.
Како што ветив еве проектот за вградување на темпомат. Идеата е многу одамна, можеше да се среди за многу помалце пари ама пак јас нејќам импровизации. Можеше да се среди со еден сталк од команди за радио да се лемат жици и тоа е тоа ама јас нејќев ништо да се крати од инсталацијата.
Неочекувано вртејќи по огласиве начекав еден Меган у Куманово што го растураат а беше со полна опрема и најважно од се редизајн. Отидов одна утре дента и купив што е потребно и почнавме да ровариме у нашето Меги заедно со брат ми кој онg е најзаслужен за овој зафат јас само давав информации и придржував коа треба. Зафатот траеше добри 4 дена малтретирање.
Купивме монтиравме видовме дека нема џек за копчињата за темпомат па акај се низ Скопје па оди пак за Куманово докупувај ракети за 110 евра па идиотот ни продаде ракети со скината airbag лента и појавуваше Check airbag па пак за Куманово зошто не можевме да се разбереме по телефон пошто се закануваше дека рат ќе правел и дека ќе се видимо на суд и слично. Нејсе, работава заврши со лемење на лентата кај еден дечко у Кисела Вода за 30 евра.
Работата течеше вака:
Вадење на клема од акумулатор:
Промена на свич од обичен на таков со копче за он оф на темпоматот.
Пронајдовме џековите за темпомат
Промена
Вадење волан
Воланот е со копчиња бидејќи е ова сликата од второто вадње
Извадени ракетите
Лево моите ракети десно купените, промена само на лентата за airbag бидејќи на лентата стоеше џекот за темпомат.
Целата приказна беше околу џекот со црвена црна жица
И како што кажав светна перничето па нервози и слично па пак вадење, среќа го најдов дечкота што леми па го среди за 2 саата и сеа е супер.
Ја однесов на дијагностика да ја разбудат Круз контрол опцијата и тоа е тоа. Ја пробав до Белви работи без проблем.