Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 2006  (Прочитано 133265 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #600 на: 16 Октомври 2014, 08:51:20 am »
Ова се вика "машки" stroking.. Добро си го заграбал.. :P
Нема мрдање :)
Одличен додаток. Централен наслонувач е прекрасна работа!
Прекрасен, штета што тоа го воочив многу доцна..
Ej... чудна работа, и вакви работи не иделе во стандард опрема?
10 евра појќе во цената на колата ништо не менувало, башка и грдо било претходното.

Каков благодет сум имал јас, а не сум знаел дека можело и без вакво. Ќути...
Е не иделе, како што гледам твојот Меган не е стандард опрема.
Одлично изведено! Процедурава ја најде на интернет или ...?
Процедурата случајно ја видов од еден турчин на YouTube па од таму идејата, прво гледав некои афтермаркт решениа како ова:
http://www.spiderauto.co.rs/?menu=pregledartikle&kat=637&idartikla=1773
Ама беше премногу скапо и не толку убаво решение па затоа се одлучив за половен држач.
Браос Прч.
Фала Куоре!
Многу паметна работа си направил. Дошло одлично.
БТЊ што ке правиш со афтермаркет радиото?
:)
Фала Сале! Со радиото не знам сеуште што да праам така ми седи дома се мислам да го продаам ама па си викам колку ќе му зеам не се исплати.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #601 на: 11 Декември 2014, 14:54:45 pm »
Update:
Во октомври годинава цркна акумулаторот Топла кој беше стар од 2010 година, соодветно променет со Exide не знам кој модел, мислам има 2 или три годишна гаранција. Исто така променет е еден греач за нафта марка Денсо.
Сервисирано во овластен.
Акумулатор = 4750 денари
Греач за нафта = 750 денари
Вкупно = 5500 денари
Монтиран Блутут уред и воедно турен AUX кабел  со помош од пријателите од Дог кои го поврзаа да се пали на контакт а за останатото јас го спроведов кабелот и го залепив на саканата позиција. Уредот е прекрасен ми праи премногу мерак.
Станува збор за Kinivo BTC 450 кој го купив од Амазон:
.


Будење на опцијата AUX:
Kinivo BTC 450 = 39.99 долари
AUX Cable by Yatour = 9.90 долари
Dog security = 200 денари
Ставен е зимскиот сет и воедно центрирана е предницата.
900 денари.
Монтиран Pro Xenon во Dog Security бидејќи претходниот испушти душа... Но затоа конечно осетив што значи ксенон, за разлика од претходниот со овој нема потреба од долги светла на автопат! Исто така наштелувани се фаровите во ПСС.
Цена сосе монтажа 4000 денари.
И на крај, бидејќи сакав да се праам мајстор да менувам сијалички на копчињата за отварање прозор ги искршив... Па бидејки немаше никаде половни, мораше нови кои чинеа доста солено... И додека бев во Рено сервисот да порачувам нови ми текна на некои моменти па си реков кад је бал нек буде маскенбал  ;D
Па така си нарачав нов внатрешен ретровизор зошто огледалото почна да го снемува, капачиња за фарови бидејки сегашните се дупнати за ксенонот ги земав зошто другата година планирам една тура низ источна европа па ќе идам со обични сијалици и копчињата за прозори.


Копче за прозор = 2018 денари
Ретровизор = 2150 денари
Навртки за фаровите = 1887
Рака = 328 денари
Вкупно = 6474 денари.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #602 на: 11 Декември 2014, 15:12:43 pm »
Барем ретровизор да земеше на затемнување.

А дугмето и навртките цена како Ролс Ројс да возиш.
Ненормални цени.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #603 на: 11 Декември 2014, 16:19:57 pm »
Машала машала аирлија нека е, соленичок апдејт.  И сеа за новогодишниве празници дома а? ;D :P

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5547
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #604 на: 11 Декември 2014, 17:57:25 pm »
So sreka do go koristis ksenonot.
Nikoj ne mi veruva deka epten im e pogoden, i boja i jacina i se.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #605 на: 11 Декември 2014, 18:35:40 pm »
@Driver, таков ретровизор нема шанси да се стави бидејќи за таков ретровизор треба друго ветробранско стакло. Тој изгледа вака:

@Александар, богами солено :) Ќе се снајдеме за празнициве  :D
Фала Денде, ксенонот е супер само ја барав малку по жолт 4300к ама немаа.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #606 на: 11 Декември 2014, 18:37:59 pm »
Добар апдејт. Со здравје да си се служиш со се што си купи :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5547
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #607 на: 11 Декември 2014, 20:08:38 pm »
Ne ti treba pozolt, ovoj i ne e taka sin ili violetov kako kaj drugite.
I jas bev skepticen so ogled deka e 6000k, ali bojata ispadna taman da e.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #608 на: 22 Февруари 2015, 18:07:10 pm »
Апдејт, Меганот пред 1 месец си доби регистрација и севис.
Регистрацијата беше нешто ситно над 100 евра и беше 8ма по ред.
Сервисот беше редове промена на масло и филтер за масло и полен во сервис нико 1 кај што ја носев скоро 100 000км кај нив но мислам нема да продолжам.
Зошто?
Еве вака, ја носам колата сабајле у 8 и се брзам претерано зошто каснев и влегувам у канцеларијата таму и им викам за сервис викаат добро и што треба да се прави им викам тоа и тоа и проверете се што фали ако фали јавете се да се договориме и тие добро. На излегување му ги давам клучевите на мајсторот и во тој момент ми текнува да му спомнам дека во неколку наврати мењачот тешко излегува од 1ва и за да излезе треба уште еднаш да престиснеш кумплуг и тогаш иде без проблем... Ми кажува немај гајле ќе провериме.
После 6 саати ми се јавуваат дојди готова е колата и јас доаѓам и овој газдава надвор јаде нешто и го прашувам како колата добра е, и фали ли нешто? И овој мафта со главата бледо божем не се секирај... Влегуваме внатре го прашум го ѕирнавте мењачот му спомнав на мајсторот, вика не, нема у налог за работење тоа да се види... Јас му викам да ама мајсторот рече дека ќе го види му реков на него! И овој вика не мајсторот тој што си му кажал комбето го работеше... И му викам ок ај ако не сега видете што има додека сум тука и овој ми вика НЕМА ШАНСИ крајно дрско и арогантно. Платив колку бараше и си отидов без поздрав. Отварам багажник да видам кантата за масло пошто нели секогаш има вишок 200-300 грама, ја нема, се враќам назад викам кантата каде е?
И овој отвара тоа прозорчето и вика сине кантата злато на дечково у гепек не е~! Јас излегувам надвор и чекам да излезе некој од гаражата 2-3 мин и најпосле излегува еден со 3 литарска канта и у неа малку масло!!! Го прашувам што е ова? Вика кантата! Како кантата кога јас купувам 5 литри а ти ми даваш канта од 3? И овој ме мачкаше со 100 бои вака така... и си отидов. Ми стана сомнително го прашувам татко ми каде е сетот ребраст што го мењаше летоска? Вика иди барај го у гаража, одам наоѓам кутијата и внатре затегачот мејд ин чајна и марка пауер грип! А требаше да биде СКФ бидејќи минатиот пат коа го мењаа пред мене ставија СКФ па логично би било да извадат СКФ, што значи прашање е дали воопшто го смениле....
Следно за апдејт ми е бидејќи рачкине се лупат и изгледа грдо сакам да ги фарбам сиви како што е во повисоките нивоа на опрема.
Вака би изгледало

Кај кого да го носам да ги фарба? Бидејќи сакам да биде трајно нејќам да се заебаам со импровизации.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #609 на: 22 Февруари 2015, 18:18:59 pm »
Кој и да ги фарба да не заборавиш да му посочиш 3-4 раце лак да стави.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6442
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #610 на: 23 Февруари 2015, 10:01:30 am »
Нели тие се обложени со гума, таа ти се лупи?
Оти и кај мене се подизлижани, повеќе од страната на совозачот, некое нервозно жениште има седено.

И јас се мислам за префарбување (од цената зависи), само не знам многу пластични да не излезат.
А некој да не знај дали се гумираат, или пак таков е лакот па мене како гума да ми се чини?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #611 на: 23 Февруари 2015, 10:09:48 am »
Ќе треба добро да се позанимаваш.. Треба да се демонтираат, фино да се пројдат со шмиргла за да се симне гумираното, па тек после да се фарбаат.. И обавезно неколку раце лак, за да држи подолго.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #612 на: 23 Февруари 2015, 10:16:43 am »
Лак? Сјајни да ги прави? Или зборувате за мат лак?
Најосновно е да се стави пластик прајмер, квалитетен за да не се лупат. Понатака е бојата, која во себе ке содржи се што е потребно. Не гледам причина зошто нешто би се лакирало дополнително...Некако ми нема логика.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #613 на: 23 Февруари 2015, 10:31:46 am »
@Prcot кај мене на меганот се сиви со нели повисоката опрема, ама од старост еве веќе 10 години почнаа и кај мене да се лупат по страните. Ова не е кај мене само туку и на други мегани, лагуни со повисока опрема. Така да батали тоа и инвестирај си ги парите во нешто друго :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 2006
« Одговори #614 на: 23 Февруари 2015, 11:16:28 am »
@Deni, дефинитивно ќе се пројдат со лак после тоа.
@Power, да тие гумираните почнаа да се лупат и изгледа невкусно. Нема врска жена ова она зошто поставеноста на рачката е таква за тоа кога седиш со ногата ја допираш и таа гумата се лупи со тек на време. Кај мене неше ок до пред 1 година ама не знам како услеа да се поткине малце гумата и почна да се лупи ко јајце.
@Zero, да да секако дека ќе биде применета прописна процедура. Само се мислам дали да ја фарбам цела сива како оваа бидејќи нема копче за ретровизори како погоре или пак да го остаам кругот црн???

@Sale, сакам да го постигнам ефектот на бојата како на сликата:

Не сакам да имам рачки со боја на ќумци  ;D
@Vlatko, знам дека се сиви ама јас имам едно делче што ми го дадоа кога го купив држачот за рака (сивиот круг што е кај мењачот) кој е пред фејслифт и тој е така мизерно офарбан од фабрика со ќумец боја што ја се чудам како воопшто кај тебе сеуште стои бојата...
А за 10 години да сме живи и здрави ќе мењаме кола а до тогаш нека личи на нешто  ;D